СИТЕ ПОСЛАНИЈА

  • NEW 2d

    Свесен и несвесен грев

    Сите сме грешни — но во рајот нема да оди само оној кој свесно греши. Оној кој не знае дека греши, прави грев, но Бог не му го пишува нему тоа за грев. А оној кој знае дека греши, и го прави, нему гревот му останува — зошто самиот го одбрал. На таквиот влезот во рајот му е одбиен — зошто и најмалиот непростен грев води во смрт.А има и такви кои одбиваат да дознаат дека грешат, за да имаат алиби пред себеси и пред Бога дека вршат грев несвесно и со тоа да се утешат дека сепак ќе одат во рајот. Што мислите, според вашето познавање за Бога, која група Бог ја резервирал за нив?И што мислите, според вашето познавање за себеси — во која група спаѓате вие? Кој сака да му се прости, го бара гревот, и го признава — оти знае дека со тоа ќе добие прошка. А бара прошка бидејќи не сака веќе да живее во него. И откога ќе му се прости, го остава гревот и живее во светост.А кој не го бара во себе гревот за да не го признае, таквиот или не сака прошка, или не верува дека ќе му се прости.На таквиот треба да му се укаже на Божјата милост на крстот. Но ако не верува во таа милост, тој врши грев исто како оној кој не сака да му се прости.А зошто да не бараме да ни се прости, освен дека сме го засакале гревот и сме ја замразиле Божјата светост?Пошто кој ја сака Божјата светост ја бара во себе да ја има. Еве го истиот текст со стихови од Библијата: …Сите сме грешни — но во рајот нема да оди само оној кој свесно греши. Римјаните 3:23…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 28, 2026 8:25 am Updated 2 days ago
  • NEW 2d

    Човечкото или Божјото

    Јаков 4:4 — “Прељубници и прељубнички, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство со Бога?⁴ затоа, кој сака да биде пријател со светот, станува непријател на Бога.” Излез 20:25 — “А ако ми направиш жртвеник од камен, не го гради од издлабени камења;²⁵ зашто ако ја кренеш својата алатка врз него, го осквернуваш.” Лука 16:15 — “И им рече: вие сте тие што се оправдувате пред луѓето; но Бог ги знае вашите срца;¹⁵ зашто она што е високо ценето меѓу луѓето, е одвратност пред Бога.” Исаија 64:6 — “Но сите сме како нечисто нешто, и сите наши праведности се како валкани крпи;⁶ сите венеме како лист, и нашите беззаконија, како ветер, нè однесуваат.” Марко 7:7–9 — “Но напразно ме почитуваат, учејќи како учења човечки заповеди.⁸ Оставајќи ја Божјата заповед, се држите до човечката традиција, како миење на садови и чаши; и многу други такви работи правите.⁹ И им рече: убаво ја отфрлате Божјата заповед, за да ја зачувате својата традиција.” Исаија 55:8–9 — “Зашто моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се мои патишта, вели Господ.⁹ Зашто како што небесата се повисоки од земјата, така моите патишта се повисоки од вашите патишта, и моите мисли од вашите мисли.” Изреки 14:12 — “Има пат што му се чини на човекот прав,¹² но крајот му е патишта на смрт.” Изреки 16:2 — “Сите патишта на човекот му изгледаат чисти во неговите очи;² но Господ ги испитува духовите.” Изреки 21:2 — “Секој пат на човекот е прав во неговите очи;² но Господ ги испитува срцата.” Еремија 10:23 — “О Господи, знам дека патот на човекот не е во него;²³ не е во човекот што оди да ги управува своите чекори.” 1 Самоил 16:7 — “Но Господ…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 28, 2026 2:03 pm Updated 2 days ago
  • Растителна исхрана: Едемската Градина (почеток), Израел во пустината и новата земја (обнова).

    Битие 1:29 — “И Бог рече: Еве, ви дадов секоја билка што носи семе, која е по лицето на целата земја, и секое дрво, во кое има плод од дрво што носи семе; вам нека ви биде за храна.” И на животните им беа дадени растенија: Битие 1:30 — “И на секој ѕвер на земјата, и на секоја птица небесна, и на сè што лази по земјата, во кое има живот, му ја дадов секоја зелена билка за храна; и така беше.” Кога Израел излезе од Египет, Бог ги хранеше со мана. Излез 16:15 — “И кога синовите Израелови ја видоа, си рекоа еден на друг: Тоа е мана; зашто не знаеја што е тоа. А Мојсеј им рече: Ова е лебот што Господ ви го даде да го јадете.” Подоцна, кога народот силно побара месо: Броеви 11:4 — “А мешаното мноштво што беше меѓу нив падна во силна желба; и синовите Израелови пак заплакаа и рекоа: Кој ќе ни даде месо да јадеме?” Желбата за месо донесе суд: Броеви 11:33 — “И додека месото уште им беше меѓу забите, пред да биде изџвакано, гневот на Господ се разгори против народот, и Господ го порази народот со многу голема чума.” Пророчката слика на обновената земја покажува мир во созданието, каде што животните повеќе не убиваат. Исаија 11:6-7 — “И волкот ќе живее со јагнето, и леопардот ќе лежи со јарето; и телето и младото лавче и угоеното говедо заедно; и мало дете ќе ги води. ² И кравата и мечката ќе пасат; нивните младенчиња ќе лежат заедно; и лавот ќе јаде слама како волот.” Исаија 65:25 — “Волкот и јагнето ќе пасат заедно, и лавот ќе јаде слама како волот; а прашина ќе биде храната на змијата.…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 17, 2026 12:57 pm Updated 2 weeks ago
  • Причината за прошка

    Лука 23:34 — “Тогаш Исус рече: Татко, прости им; зашто не знаат што прават. А тие ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждреб.”
 За прошката овде е нагласена ПРИЧИНА:„Зошто да му простам на оној што смртно Ми греши?БИДЕЈЌИ не знае што прави. Исус побарал прошка само за оној кој не знае дека греши. А оној кој знае дека греши и продолжува со гревот нема да ја прими милоста. Ако она што знаеш дека е вистина не е усогласено со начинот на кој живееш, ти живееш во грев. 
Јаков 4:17 — “Затоа, кој знае да прави добро, а не го прави, за него тоа е грев.” Римјаните 6:23 — “Зашто платата на гревот е смрт; а дарот Божји е вечен живот преку Исуса Христа, нашиот Господ.”
 Имаме слобода на избор за да можеме доброволно да ја предадеме на Бога. Ако не ја предадеме доброволно, остануваме во својата волја — која е грев. Зошто човечката волја НИКОГАШ не е усогласена со Божјата сама од себе. Затоа потребно е целосно предавање, и оставање на нашето за да го вршиме Божјото — тоа се плодовите на оној кој вистински верува. Ако нема плодови, тоа ја прави верата суетна. Јован 9:40-41 — “И некои од фарисеите што беа со Него го чуја тоа и Му рекоа: Зар и ние сме слепи?⁴¹ Исус им рече: Кога би биле слепи, не би имале грев; но сега велите: ‘Гледаме’; затоа гревот ваш останува.”
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 15, 2026 5:43 am Updated 2 weeks ago
  • Исус доаѓа скоро! Се подготвуваш ли или спиеш?

    Светото Писмо почнува со Саботата и завршува со Саботата (Битие 2:2-3, Откровение 22:14). „Блажени се оние кои ги исполнуваат Неговите заповеди, за да имаат право на Дрвото на животот и да влезат низ вратите во градот.“ Тука се оние кои ја имаат верата Исусова, и ги чуваат Божјите Заповеди (Откровение 14:12), и му даваат отчет на Оној Кој го создал небото и земјата (Откровение 14:7), а во седмиот ден одморил, и го осветил тој ден за нас (Битие 2:3), за ние да одмараме во Него (Матеј 11:28), а во Десетте Заповеди нѐ потсетил да го чуваме тој ден (Излез 20:8-11), зошто сме го заборавиле (Исаија 58:13-14). А како ќе бидеме спремни за крајот ако не се потсетиме на почетокот? (Матеј 24:37-39) Во почетокот, Господ го создаде небото и земјата (Битие 1:1), во шест дена ги создаде (Битие 1:31; Излез 20:11), и виде Господ дека сѐ што создаде беше многу добро (Битие 1:31). И во седмиот ден Господ си одмори од сите Негови созданија (Битие 2:2), бидејќи сѐ беше многу добро (Битие 1:31), и Господ го освети и го благослови седмиот ден (Битие 2:3). Така ги создаде Господ небото и земјата и сѐ што е во нив (Излез 20:11). Ова се цитираните стихови како читаат дирекно од Библијата: Првиот параграф “Светото Писмо почнува со Саботата и завршува со Саботата.” Битие 2:2-3 – „И на седмиот ден Бог го заврши Своето дело…“ Откровение 22:14 – „Блажени се оние што ги исполнуваат Неговите заповеди…“ “Тука се оние кои ја имаат верата Исусова, и ги чуваат Божјите Заповеди, и му даваат отчет на Оној Кој го создал небото и земјата…” Откровение 14:12 – „Тука е трпеливоста на светиите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.“ Откровение 14:7 – „Плашете…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    February 3, 2026 7:43 pm
  • Конструктивен Притисок

    Не сакам да ти ставам деструктивен притисок, туку конструктивен.А дали веруваш дека конструктивен притисок навистина постои? Замисли си краен рок. Како изгледаат крајни рокови? Секој различно може да ги замисли. Јас ги замислувам како контејнер кој не собира ништо надвор од своите граници, или како линија што е прекината од двете страни, отсечка, која не дозволува ништо да се протега надвор од двете точки на нејзините краеви — каде што едната точка го одбележува почетокот, а другата крајот.Нека контејнерот или отсечената линија го претставуваат времето. Дали тогаш времето е бесконечно? Можеме ли да правиме работи надвор од тој контејнер или од таа линија на времето?Оти, иако времето како време, само по себе, може да е бесконечно, нашето време не е такво. Нашето време ни е одмерено и дадено во граници — собрано е во еден контејнер или меѓу краевите на една отсечена линија. Никој не проживеал повеќе од неколку кратки години.И времето потребно за достигнување успех — било во природата или во општеството, во телото или во карактерот — исто така е дадено во граници: семето домат не може да даде плод во два месеци, а камо ли во два дена или две минути — но успехот на плодот му зависи од колку сејачот ги почитува границите кои Бог му ги припишал на растернието. Прашањето е: која од овие граници е поширока? Нашата или онаа на посакуваниот успех? Кој контејнер е со погоелм волумен — на сејачот или на растението?  Која линија е подолга? Дали временската линија на нашите животни сили е подолга од временската линијата на задачата што треба да ја исполниме за животот да ни се продолжи — и да ни стане вечен? Зошто во овој свет даден ни е ограничен животен рок за да ги исполниве…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    November 8, 2025 11:13 am
  • Од Ламех до Исус: што Значи 70 по 7

    1 Мојсеева 1:1 — „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.“ 1 Мојсеева 2:15 — „И Господ Бог го зеде човекот и го постави во градината Едем за да ја обработува и да ја чува.“ 1 Мојсеева 2:16–17 — „И Господ Бог му заповеда на човекот, велејќи: ‘Од секое дрво во градината слободно јади;¹⁷но од дрвото на познавањето на доброто и злото да не јадеш, зашто во денот кога ќе вкусиш од него, сигурно ќе умреш.’“ 1 Мојсеева 3:6 — „И кога жената виде дека дрвото е добро за јадење, дека е пријатно за очите и посакувано за да даде мудрост, зеде од неговиот плод и јаде. И му даде на својот маж, кој беше со неа, и тој јаде.“ (Гревот влегува во светот. Почнува одвојувањето од Бог.) (Гревот влегува во светот. Почнува одвојувањето од Бог.) Римјаните 5:12 — „Затоа, како што преку еден човек гревот влезе во светот, а преку гревот смртта, така смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ Ова беше моментот на пресврт: гревот влезе во светот преку еден избор, и сега сите ја чувствуваме неговата ехо-реалност во нашите срца — една длабока разделеност што често се обидуваме да ја пополниме обвинувајќи други или штитејќи се себеси. Ова беше моментот на пресврт: гревот влезе во светот преку еден избор, и сега сите ја чувствуваме неговата ехо-реалност во нашите срца — една длабока разделеност што често се обидуваме да ја пополниме обвинувајќи други или штитејќи се себеси. Римјаните 6:23 — „Зашто платата за гревот е смрт, а Божјиот дар е вечен живот во Христос Исус, нашиот Господ.“ 1 Мојсеева 3:15 — „И Јас ќе поставам непријателство меѓу тебе и жената, и меѓу твоето семе и нејзиното Семе; Тој ќе ти ја згмечи главата,…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    June 25, 2025 11:37 am
  • Саботата: Не закон од којшто треба да се плашиме, туку љубов која треба да ја цениме

    Мила сестро, сакам да ти зборувам отворено — не за да се расправам со тебе, не за да те посрамам, туку за да отварам нешто кое можеби никогаш не си го видела толку јасно. Сакам да зборувам до твоето срце, не само до твоите навики. Зашто саботата не е само за правењето на „правото“. Не е да одмориш во седмиот ден и да го наречеш „свет“ само со уста, додека твоето срце е далеку од радоста саботна. Ако саботата не е наша наслада, тогаш не е вистински запазена. Може да се почитува — но не и да се љуби. А Бог никогаш не бараше почитување без љубов. Дозволи да ти ја кажам вистината што ми го промени животот: Не ја држиме саботата затоа што законот го вели тоа. Ја држиме затоа што гледаме кон што нè води — и ја ЉУБИМЕ таа цел. Езекиел 20:12 — „Понатаму им ги дадов моите саботи, за да бидат знак меѓу мене и нив, за да знаат дека јас сум Господ кој ги осветува.“ Езекиел 20:12 — „Понатаму им ги дадов моите саботи, за да бидат знак меѓу мене и нив, за да знаат дека јас сум Господ кој ги осветува.“ Тоа е знак — но знакот никогаш не е дестинацијата. Саботата не е крајната цел. Бог е. Неговата љубов е. Крстот е. Сообраќаен знак на патот што вели „Ерусалим во таа насока“ не е Ерусалим. И ако некој се поклонува и го гушка тој знак секоја седмица, а никогаш не тргне по патот на кој тој покажува, сè погрешно разбрал. Саботата е знак што нè води до крстот, а крстот е знак што нè води до Исуса, и Исус — во своето тело, страдајќи и умирајќи за нас — е…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    June 18, 2025 10:19 am
  • Вистинското Сведоштво: Моќта на Внатрешната Чистота над Надворешниот Изглед

    Here is the full Macedonian version of the message, carefully translated to preserve meaning, tone, and flow for your mother: Here is the full Macedonian version of the message, carefully translated to preserve meaning, tone, and flow for your mother: Дел 1: Библиски и Духовно-Пророшки Основи Евангелието на Исус Христос не привлекува никого преку надворешниот изглед. Не се тоа облеката, стилот, шминката или модата што освојуваат души. Секогаш е тоа невидливото: вистината, саможртвената љубов и внатрешниот живот на Христос во верникот. Овие се скапоцените камења на христијанинот. 1 Самуилова 16:7 — „Зашто човекот гледа на надворешноста, а Господ гледа на срцето.“ Ниту една надворешна убавина, мода или чистота не може да ја замени силата на срце што Му е предадено на Бог. Иако христијанинот не треба да Го посрами Божјото име со занемарување, чистотата треба да произлегува од внатрешна светост, а не да биде алатка за импресија или привлекување. Матеј 23:25 — „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери! Зашто ја чистите чашата и чинијата однадвор, а одвнатре се полни со грабеж и неправда.“ ¹26 „Фарисеју слеп, очисти прво внатрешноста на чашата и чинијата, за да биде чисто и однадвор.“ ¹27 „Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери! Зашто сте како варосани гробови, кои однадвор изгледаат убави, а одвнатре се полни со коски на мртви луѓе и со секаква нечистотија.“ ¹28 „Така и вие однадвор изгледате праведни пред луѓето, а одвнатре сте полни со лицемерство и беззаконие.“ Надворешниот напор без внатрешна вистина е она што Исус го нарече варосан гроб — полиран надвор, но исполнет со смрт. Ова не е предупредување против нечистотија, туку против лажна убавина која ја заменува искреноста. Елен Вајт во „Евангелизам“, стр. 272: „Не е Божјиот план да се собираат големи маси на луѓе кои…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    June 15, 2025 1:27 pm