-
Духовниот живот и вистинската смрт
Духовно е сè што е вечно.Небесното царство е духовно. Бог е Дух,и оној кој го нема Неговиот Дух — е мртов. Адам беше голзатоа што го изгуби духовното. Тоа е вистинската смрт. Смртта не започнува кога телото умира.Таа започнува кога човекот се одделува од Бога. Човек може да живее физички,а сепак да биде мртов. Зашто физичкиот живот сам по себене е вистински живот. Тоа е само продолжено времедо смртта —време дадено од Богаза повик кон покајание. Време во кое може да се прости гревот,за духовниот живот да се врати. Без тој живот,ние не сме живи луѓе —туку мртовциои ја чекаат својата смрт. А кога духовниот живот ќе се врати,тогаш човекот навистина почнува да живее. Прашајте се, дали сте родени од Духот Божји? И ако не сте, дали сакате да бидете?Ако сакате, дали вистински сакате за да почнете така да живеете.Ако да, тогаш што ве спречува? Верата во Бога. Бог дава сила — но како оваа сила ќе ја добие оној кој не Му верува на Бога?А од каде знаеме дека Бог вистински ќе ни даде сила? Бидејќи тоа го ветил — а Бог не може да лаже. -
Вера и грев во срцето — видливи плодови
„Во претходниот дел видовме дека ни најмалиот грев не е мал пред Бога. Сега ќе видиме како Бог го суди гревот — не надворешно, туку според верата и совеста.“ Во Библијата стои едно правило кои малкумина го разбираат. А тоа е дека Бог не ги осудува надворешните дела — туку внатрешниот избор. Ако совеста ни вика едно, а ние одбираме друго — виновни сме. Совеста зависи од свесноста — а свесноста од информираноста. Невин не е оној кој не врши зло, туку оној кој непрестано бара да знае што е добро и делува според знаењето. Затоа прашањето не е само „дали е дозволено“, туку „дали сум уверен пред Бога дека е исправно“.Затоа не е доволно да се праша „што правам“, туку „дали го правам со чисто уверување пред Бога“. Бог не ја мери само постапката, туку дали човекот оди според светлината што ја има или ја оттурнува.Дали едно дело е зло или не е не зависи од делото — туку од мотивот. Бог јасно го открил овој принцип во Рајската Градина, каде му забранил на Адам да јаде од плод кој не бил штетен за неговото здравје. Со тоа покажал дека на Бога му е важна верноста — внатрешната вера и доверба; а не легалното дело, дали тоа само по себе било лошо. Зошто дури и човек да убиеме Бог има моќ да го воскресне — но ако ние одбереме да го убиеме, тогаш дури и да го воскресне, ние сеуште сме убијци. На Бога не му се важни надворешните дела бидејќи Бог може да ги промени. Но нашата слободна волја е во нас. И таа Бог, иако може, не сака да ја промени, за да ни остане слободна. Со тоа ни дава право и одговорност сами… -
Бог наспроти луѓето
Каква вредност Бог им дава на човечките работи? Сите го гледаме Бога преку чиовечки очи. Му го анализираме карактерот според нашиот. Претпоставуваме како суди според нашата мерка. Нагаѓаме што сака според нашите желби. Но сме пробале ли некогаш да се видиме себеси преку Божјите очи? Да го анализираме нашиот карактер според Божјиот? Да си судиме на себеси според Божјата мерка? Да се прашаме дали ние го сакаме она што Бог го сака? Ајде да смениме перспектива, и да видиме што Божјиот Збор вели за човекот — и да заборавиме за момент што човекот вели за Бога. Јаков 4:4 — “Прељубници и прељубнички, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство со Бога?⁴ затоа, кој сака да биде пријател со светот, станува непријател на Бога.” Да го следиш светот = да се оддалечиш од Бог. Да го следиш светот = да се оддалечиш од Бог. Излез 20:25 — “А ако ми направиш жртвеник од камен, не го гради од издлабени камења;²⁵ зашто ако ја кренеш својата алатка врз него, го осквернуваш.” Ова значи: човечката интервенција (алатка, обработка) го расипува она што Бог сака да биде чисто и едноставно — без човечко додавање. Бог не сака човечки додатоци во она што е Негово. Ова значи: човечката интервенција (алатка, обработка) го расипува она што Бог сака да биде чисто и едноставно — без човечко додавање. Бог не сака човечки додатоци во она што е Негово. Лука 16:15 — “И им рече: вие сте тие што се оправдувате пред луѓето; но Бог ги знае вашите срца;¹⁵ зашто она што е високо ценето меѓу луѓето, е одвратност пред Бога.” Она што луѓето го ценат, Бог го забранува. Она што луѓето го ценат, Бог го забранува. Исаија 64:6 — “Но сите сме… -
Свесен и несвесен грев
Сите сме грешни — но во рајот нема да оди само оној кој свесно греши. Оној кој не знае дека греши, прави грев, но Бог не му го пишува нему тоа за грев. А оној кој знае дека греши, и го прави, нему гревот му останува — зошто самиот го одбрал. На таквиот влезот во рајот му е одбиен — зошто и најмалиот непростен грев води во смрт.А има и такви кои одбиваат да дознаат дека грешат, за да имаат алиби пред себеси и пред Бога дека вршат грев несвесно и со тоа да се утешат дека сепак ќе одат во рајот. Што мислите, според вашето познавање за Бога, која група Бог ја резервирал за нив?И што мислите, според вашето познавање за себеси — во која група спаѓате вие? Кој сака да му се прости, го бара гревот, и го признава — оти знае дека со тоа ќе добие прошка. А бара прошка бидејќи не сака веќе да живее во него. И откога ќе му се прости, го остава гревот и живее во светост.А кој не го бара во себе гревот за да не го признае, таквиот или не сака прошка, или не верува дека ќе му се прости.На таквиот треба да му се укаже на Божјата милост на крстот. Но ако не верува во таа милост, тој врши грев исто како оној кој не сака да му се прости.А зошто да не бараме да ни се прости, освен дека сме го засакале гревот и сме ја замразиле Божјата светост?Пошто кој ја сака Божјата светост ја бара во себе да ја има. Еве го истиот текст со стихови од Библијата: …Сите сме грешни — но во рајот нема да оди само оној кој свесно греши. Римјаните 3:23… -
Човечкото или Божјото
Јаков 4:4 — “Прељубници и прељубнички, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство со Бога?⁴ затоа, кој сака да биде пријател со светот, станува непријател на Бога.” Излез 20:25 — “А ако ми направиш жртвеник од камен, не го гради од издлабени камења;²⁵ зашто ако ја кренеш својата алатка врз него, го осквернуваш.” Лука 16:15 — “И им рече: вие сте тие што се оправдувате пред луѓето; но Бог ги знае вашите срца;¹⁵ зашто она што е високо ценето меѓу луѓето, е одвратност пред Бога.” Исаија 64:6 — “Но сите сме како нечисто нешто, и сите наши праведности се како валкани крпи;⁶ сите венеме како лист, и нашите беззаконија, како ветер, нè однесуваат.” Марко 7:7–9 — “Но напразно ме почитуваат, учејќи како учења човечки заповеди.⁸ Оставајќи ја Божјата заповед, се држите до човечката традиција, како миење на садови и чаши; и многу други такви работи правите.⁹ И им рече: убаво ја отфрлате Божјата заповед, за да ја зачувате својата традиција.” Исаија 55:8–9 — “Зашто моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се мои патишта, вели Господ.⁹ Зашто како што небесата се повисоки од земјата, така моите патишта се повисоки од вашите патишта, и моите мисли од вашите мисли.” Изреки 14:12 — “Има пат што му се чини на човекот прав,¹² но крајот му е патишта на смрт.” Изреки 16:2 — “Сите патишта на човекот му изгледаат чисти во неговите очи;² но Господ ги испитува духовите.” Изреки 21:2 — “Секој пат на човекот е прав во неговите очи;² но Господ ги испитува срцата.” Еремија 10:23 — “О Господи, знам дека патот на човекот не е во него;²³ не е во човекот што оди да ги управува своите чекори.” 1 Самоил 16:7 — “Но Господ… -
Растителна исхрана: Едемската Градина (почеток), Израел во пустината и новата земја (обнова).
Битие 1:29 — “И Бог рече: Еве, ви дадов секоја билка што носи семе, која е по лицето на целата земја, и секое дрво, во кое има плод од дрво што носи семе; вам нека ви биде за храна.” И на животните им беа дадени растенија: Битие 1:30 — “И на секој ѕвер на земјата, и на секоја птица небесна, и на сè што лази по земјата, во кое има живот, му ја дадов секоја зелена билка за храна; и така беше.” Кога Израел излезе од Египет, Бог ги хранеше со мана. Излез 16:15 — “И кога синовите Израелови ја видоа, си рекоа еден на друг: Тоа е мана; зашто не знаеја што е тоа. А Мојсеј им рече: Ова е лебот што Господ ви го даде да го јадете.” Подоцна, кога народот силно побара месо: Броеви 11:4 — “А мешаното мноштво што беше меѓу нив падна во силна желба; и синовите Израелови пак заплакаа и рекоа: Кој ќе ни даде месо да јадеме?” Желбата за месо донесе суд: Броеви 11:33 — “И додека месото уште им беше меѓу забите, пред да биде изџвакано, гневот на Господ се разгори против народот, и Господ го порази народот со многу голема чума.” Пророчката слика на обновената земја покажува мир во созданието, каде што животните повеќе не убиваат. Исаија 11:6-7 — “И волкот ќе живее со јагнето, и леопардот ќе лежи со јарето; и телето и младото лавче и угоеното говедо заедно; и мало дете ќе ги води. ² И кравата и мечката ќе пасат; нивните младенчиња ќе лежат заедно; и лавот ќе јаде слама како волот.” Исаија 65:25 — “Волкот и јагнето ќе пасат заедно, и лавот ќе јаде слама како волот; а прашина ќе биде храната на змијата.… -
Причината за прошка
Лука 23:34 — “Тогаш Исус рече: Татко, прости им; зашто не знаат што прават. А тие ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждреб.” За прошката овде е нагласена ПРИЧИНА:„Зошто да му простам на оној што смртно Ми греши?БИДЕЈЌИ не знае што прави. Исус побарал прошка само за оној кој не знае дека греши. А оној кој знае дека греши и продолжува со гревот нема да ја прими милоста. Ако она што знаеш дека е вистина не е усогласено со начинот на кој живееш, ти живееш во грев. Јаков 4:17 — “Затоа, кој знае да прави добро, а не го прави, за него тоа е грев.” Римјаните 6:23 — “Зашто платата на гревот е смрт; а дарот Божји е вечен живот преку Исуса Христа, нашиот Господ.” Имаме слобода на избор за да можеме доброволно да ја предадеме на Бога. Ако не ја предадеме доброволно, остануваме во својата волја — која е грев. Зошто човечката волја НИКОГАШ не е усогласена со Божјата сама од себе. Затоа потребно е целосно предавање, и оставање на нашето за да го вршиме Божјото — тоа се плодовите на оној кој вистински верува. Ако нема плодови, тоа ја прави верата суетна. Јован 9:40-41 — “И некои од фарисеите што беа со Него го чуја тоа и Му рекоа: Зар и ние сме слепи?⁴¹ Исус им рече: Кога би биле слепи, не би имале грев; но сега велите: ‘Гледаме’; затоа гревот ваш останува.” -
Исус доаѓа скоро! Се подготвуваш ли или спиеш?
Светото Писмо почнува со Саботата и завршува со Саботата (Битие 2:2-3, Откровение 22:14). „Блажени се оние кои ги исполнуваат Неговите заповеди, за да имаат право на Дрвото на животот и да влезат низ вратите во градот.“ Тука се оние кои ја имаат верата Исусова, и ги чуваат Божјите Заповеди (Откровение 14:12), и му даваат отчет на Оној Кој го создал небото и земјата (Откровение 14:7), а во седмиот ден одморил, и го осветил тој ден за нас (Битие 2:3), за ние да одмараме во Него (Матеј 11:28), а во Десетте Заповеди нѐ потсетил да го чуваме тој ден (Излез 20:8-11), зошто сме го заборавиле (Исаија 58:13-14). А како ќе бидеме спремни за крајот ако не се потсетиме на почетокот? (Матеј 24:37-39) Во почетокот, Господ го создаде небото и земјата (Битие 1:1), во шест дена ги создаде (Битие 1:31; Излез 20:11), и виде Господ дека сѐ што создаде беше многу добро (Битие 1:31). И во седмиот ден Господ си одмори од сите Негови созданија (Битие 2:2), бидејќи сѐ беше многу добро (Битие 1:31), и Господ го освети и го благослови седмиот ден (Битие 2:3). Така ги создаде Господ небото и земјата и сѐ што е во нив (Излез 20:11). Ова се цитираните стихови како читаат дирекно од Библијата: Првиот параграф “Светото Писмо почнува со Саботата и завршува со Саботата.” Битие 2:2-3 – „И на седмиот ден Бог го заврши Своето дело…“ Откровение 22:14 – „Блажени се оние што ги исполнуваат Неговите заповеди…“ “Тука се оние кои ја имаат верата Исусова, и ги чуваат Божјите Заповеди, и му даваат отчет на Оној Кој го создал небото и земјата…” Откровение 14:12 – „Тука е трпеливоста на светиите, кои ги пазат Божјите заповеди и верата во Исуса.“ Откровение 14:7 – „Плашете… -
Конструктивен Притисок
Не сакам да ти ставам деструктивен притисок, туку конструктивен.А дали веруваш дека конструктивен притисок навистина постои? Замисли си краен рок. Како изгледаат крајни рокови? Секој различно може да ги замисли. Јас ги замислувам како контејнер кој не собира ништо надвор од своите граници, или како линија што е прекината од двете страни, отсечка, која не дозволува ништо да се протега надвор од двете точки на нејзините краеви — каде што едната точка го одбележува почетокот, а другата крајот.Нека контејнерот или отсечената линија го претставуваат времето. Дали тогаш времето е бесконечно? Можеме ли да правиме работи надвор од тој контејнер или од таа линија на времето?Оти, иако времето како време, само по себе, може да е бесконечно, нашето време не е такво. Нашето време ни е одмерено и дадено во граници — собрано е во еден контејнер или меѓу краевите на една отсечена линија. Никој не проживеал повеќе од неколку кратки години.И времето потребно за достигнување успех — било во природата или во општеството, во телото или во карактерот — исто така е дадено во граници: семето домат не може да даде плод во два месеци, а камо ли во два дена или две минути — но успехот на плодот му зависи од колку сејачот ги почитува границите кои Бог му ги припишал на растернието. Прашањето е: која од овие граници е поширока? Нашата или онаа на посакуваниот успех? Кој контејнер е со погоелм волумен — на сејачот или на растението? Која линија е подолга? Дали временската линија на нашите животни сили е подолга од временската линијата на задачата што треба да ја исполниме за животот да ни се продолжи — и да ни стане вечен? Зошто во овој свет даден ни е ограничен животен рок за да ги исполниве… -
Од Ламех до Исус: што Значи 70 по 7
1 Мојсеева 1:1 — „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.“ 1 Мојсеева 2:15 — „И Господ Бог го зеде човекот и го постави во градината Едем за да ја обработува и да ја чува.“ 1 Мојсеева 2:16–17 — „И Господ Бог му заповеда на човекот, велејќи: ‘Од секое дрво во градината слободно јади;¹⁷но од дрвото на познавањето на доброто и злото да не јадеш, зашто во денот кога ќе вкусиш од него, сигурно ќе умреш.’“ 1 Мојсеева 3:6 — „И кога жената виде дека дрвото е добро за јадење, дека е пријатно за очите и посакувано за да даде мудрост, зеде од неговиот плод и јаде. И му даде на својот маж, кој беше со неа, и тој јаде.“ (Гревот влегува во светот. Почнува одвојувањето од Бог.) (Гревот влегува во светот. Почнува одвојувањето од Бог.) Римјаните 5:12 — „Затоа, како што преку еден човек гревот влезе во светот, а преку гревот смртта, така смртта премина на сите луѓе, зашто сите згрешија.“ Ова беше моментот на пресврт: гревот влезе во светот преку еден избор, и сега сите ја чувствуваме неговата ехо-реалност во нашите срца — една длабока разделеност што често се обидуваме да ја пополниме обвинувајќи други или штитејќи се себеси. Ова беше моментот на пресврт: гревот влезе во светот преку еден избор, и сега сите ја чувствуваме неговата ехо-реалност во нашите срца — една длабока разделеност што често се обидуваме да ја пополниме обвинувајќи други или штитејќи се себеси. Римјаните 6:23 — „Зашто платата за гревот е смрт, а Божјиот дар е вечен живот во Христос Исус, нашиот Господ.“ 1 Мојсеева 3:15 — „И Јас ќе поставам непријателство меѓу тебе и жената, и меѓу твоето семе и нејзиното Семе; Тој ќе ти ја згмечи главата,…