„Во претходниот дел видовме дека ни најмалиот грев не е мал пред Бога. Сега ќе видиме како Бог го суди гревот — не надворешно, туку според верата и совеста.“
Вера и грев во срцето — видливи плодови
Во Библијата стои едно правило кои малкумина го разбираат. А тоа е дека Бог не ги осудува надворешните дела — туку внатрешниот избор. Ако совеста ни вика едно, а ние одбираме друго — виновни сме. Совеста зависи од свесноста — а свесноста од информираноста. Невин не е оној кој не врши зло, туку оној кој непрестано бара да знае што е добро и делува според знаењето.
Затоа прашањето не е само „дали е дозволено“, туку „дали сум уверен пред Бога дека е исправно“.
Затоа не е доволно да се праша „што правам“, туку „дали го правам со чисто уверување пред Бога“. Бог не ја мери само постапката, туку дали човекот оди според светлината што ја има или ја оттурнува.
Дали едно дело е зло или не е не зависи од делото — туку од мотивот.
Бог јасно го открил овој принцип во Рајската Градина, каде му забранил на Адам да јаде од плод кој не бил штетен за неговото здравје. Со тоа покажал дека на Бога му е важна верноста — внатрешната вера и доверба; а не легалното дело, дали тоа само по себе било лошо. Зошто дури и човек да убиеме Бог има моќ да го воскресне — но ако ние одбереме да го убиеме, тогаш дури и да го воскресне, ние сеуште сме убијци. На Бога не му се важни надворешните дела бидејќи Бог може да ги промени. Но нашата слободна волја е во нас. И таа Бог, иако може, не сака да ја промени, за да ни остане слободна.
Со тоа ни дава право и одговорност сами да избереме според нашето убедување. И ни остава нашето убедување сами да го израмниме со Неговиот Збор. Кога избереме свесно да живееме според Неговиот Збор, тогаш во нас нема грев, дури и кога би направиле нешто погрешно, несакајќи.
Бог не ги осудува надворешните дела, туку го осудува внатрешниот избор во зависност со внатрешната совест или свест.
Ако јадеме месо од мислење дека е здраво, Бог не ни го суди делото иако е нездраво. Но ако јадеме месо поради личен апетит, и притоа ги правдаме со измислени факти дека е здраво — тогаш Бог ни го суди апетитот, дека не ни е потчинет на Неговата волја. И тоа покажува дека ние не живееме за Бога, туку за себе. А може да јадеме месо знаејќи дека е нездраво, но поради глад и немање на подобра опција, одлучуваме да јадеме, верувајќи дека Бог ќе ни ја благослови храната. И таа храна Бог ни ја благословува, иако не е храната која Тој ја одредил за нас.
Во времето на Павле, јадење месо не беше прашање на здравје, туку на духовна чистота — бидејќи многу од животните кои се продаваа за јадење и им се нудеа на верниците беа жртвувани на демонски богови — идоли. И некои од верниците одбиваа да го јадат за да не се извалкаат преку тоа искуство. И совеста на овие верници им го сведочеше тоа. Доколку овие верници би оделе против својата совест — би правеле грев пред Бога. Но имало и такви, како Павле, кои знаеја подобро од ова, верувајќи дека ништо не е нечисто (духовно загадено) само од себе, зошто Бог го создал и цела земја на која ние верниците, животните и идолопоклониците газиме е Господова — значи нема надворешна сила која може да духовно да загади нешто кое му припаѓа на Бога. Отровот и нездравата храна не е вклучена во ова зошто тие не се духовни загадувања туку се физичка расипаност. Павле не вика да пиеме расипано млеко и да јадеме скапани јајца.
- 1 Коринтјаните 10:25–26 — „Сѐ што се продава на месарницата јадете, без да испитувате заради совеста;
² Зашто земјата е Господова, и сѐ што ја исполнува.“ - 1 Тимотеј 4:4–5 — „Зашто секое Божјо создание е добро, и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност;
² бидејќи се осветува преку словото Божјо и молитва.“- Римјани 14:13–23 — “Затоа да не се судиме веќе еден со друг: туку повеќе судете го ова, да не става никој сопка или причина за паѓање на братот.
¹⁴ Знам, и уверен сум преку Господ Исус, дека ништо не е нечисто само по себе: освен за оној кој смета нешто за нечисто, за него тоа е нечисто.
¹⁵ Но ако твојот брат се ожалостува поради твоето јадење на месо, ти веќе не одиш според љубовта. Не го погубувај со твојата храна оној за кого Христос умре.
¹⁶ Затоа нека не се зборува лошо за вашето добро.
¹⁷ Зашто царството Божјо не е јадење и пиење, туку праведност, мир и радост во Светиот Дух.
¹⁸ Зашто кој му служи на Христос во ова, му е угоден на Бога и прифатен од луѓето. (таквиот си го менува апетитот според Божјото дело — не се управува според стомакот свој. Може со месо може и без месо. Јаде според Божјата волја а не според својот апетит.)
¹⁹ Затоа да го бараме она што придонесува за мир и за взаемно изградување.
²⁰ Не го руши делото Божјо заради храна. Сè е навистина чисто; но зло е за човекот кој јаде со сопнување. (лошо е да јадеш а да веруваш дека не треба да се јаде тоа. Лошо е да јадеш спротивно од твојата совест.)
²¹ Добро е да не јадеш месо, ни да пиеш вино, ни да правиш нешто со кое братот твој се сопнува, или се навредува, или ослабува.
²² Имаш ли вера? имај ја за себе пред Бога. Блажен е оној кој не се осудува себе си во тоа што го одобрува.
²³ А кој се сомнева, ако јаде, осуден е, зашто не јаде од вера: а сè што не е од вера е грев.”
- Римјани 14:13–23 — “Затоа да не се судиме веќе еден со друг: туку повеќе судете го ова, да не става никој сопка или причина за паѓање на братот.
Гревот
- не е храната,
- не е месото ,
- не е виното,
- не е состојката која ја внесуваме внатре.
Гревот е нејадењето според совеста.
Да, јадење на месо е штетно. Да пиење на алкохол, кафе, цигари, дрога, е штетно — им влијае на внатрешните органи и го нарушува менталниот капацитет. Ги заматува сетилата, и ни одмага да го слушаме Зборот Божји, и неѝ прави мрзливи кој правење на она што Бог го бара од нас. Сето тоа треба да се отстрани подитно — но гревот не се состои во актот на нивното конзумирање. Гревот се состои во ИЗБОРОТ кој ние свесно го бираме знаејќи дека тоа ни штети, и дека тоа нѐ оддалечува од Бога и вршење на она што Тој го сака од нас.
Гревот пред Бога
- не е надворешниот акт.
Гревот е мотивот.
Убиството, крадењето, лажењето, прељубодејствувањето кон човекот кој го носи Божјиот лик, носи со себе неизмерна загуба — тоа е директен напад врз Оној Кој го создал спред Својот лик. Но гревот е во намерата на таквото однесувње — не само во актот. Кога би било само во актот, секој несреќен случај кој завршил со смрт би бил грев. Секоја пренесена неточна информација би била грев. Секаков поглед кон спротивниот пол би бил неверство. Но дури и кога нема несреќен случај, гревот останува во срцето — и за Бога, тоа се смета за грев. Не само делото — туку и изборот.
Знаеме дека најголема вина носи само оној
- кој избрал убиство,
- кој избрал лага,
- кој избрал кражба,
- кој избрал неверство.
На оној кој убил незнаејќи, излажал незнаејќи, украл незнаејќи, изневерил незнаејќи — вината негова не се поистоветува со делото, туку со невнимавањето. Вината е тука, но казната не е иста со вината која вклучува избор. Вината е голема — поради невнимавање и недостаток на одговорност. Требало да пази — носи одговорност за невнимавањето и лекомисленоста. Имало опасност од околу која било негова одговорност да ја процени и да ги усогласи постапките според доброто. Требало да го пресмета потенцијалот наместо да делува безгрижно. Не смеел да претпоставува дека ништо нема да се случи како неговата фантазија да ја контролира реалноста — не ја користел во максимум перцептуалната будност што му следува на возрасниот човек. Но оваа неодговорност што тој jа носи во себе може да доаѓа од недисциплиниран карактер — од детство во кое не му биле добро откриени потенцијалните последици на секое дело наше, скриено или откриено, свесно или несвесно. На таквиот му е потребна е промена на карактерот — но таа промена е во зголемување на будност во одговорноста. Но ако таквиот човек одбие да се пробуди, и остане во својата лекомисленост — тогаш неговата вина, дури и да не убие уште еднаш, ќе се смета за ист корен на гревот, кој раѓа свесно убиство — тоа е иста природа на грев како оној кој веќе убил: бидејќи одбрал карактер кој може да води во убиство. А свесно негување на таков карактер, во очите на Оној кој ги мери срцата, нели е исто како убиство?
- Римјани 14:23 — “…зашто сè што не е од вера е грев.”
- Јаков 4:17 — “Затоа, кој знае да прави добро, а не го прави, нему тоа му е грев.”
- 1 Самоил 16:7 — “…зашто човекот гледа на надворешното, а Господ гледа на срцето.”
Господ ги мери срцата кои за нас се невидливи.
Зaшто, замислете, ако некој е тргнат, решен да го убие братот свој, и по патот се сопне и умре — каков суд ќе добие од Бога? Бог има моќ да воскреснува — Бог може да ја врати одземената последица, но не ја менува одлуката која нам ни ја доверил. Тој има власт над животот и може да врати одземен живот — но слободниот избор ни припаѓа нам, и затоа судот Негов ја мери одлуката на с рцето — дури и кога последиците на штетата се разликуваат.
Според овие принципи, гревот ја вклучува секоја внатрешна несогласност со нашето знаење за што е Божјата волја, дури и кога надворешно не сме направиле ништо кое го покажува гревот. Затоа е речено — Бог ги испитува срцата. Нема да ни суди според тоа што сме направиле, туку според тоа што не сме направиле додека Тој упорно нѐ повикувал да го направиме. Според неверието наше кон Неговиот глас ќе не суди.
А ако не сме го познале Тој глас, Господ ни се претставува. А ако не сме сигурни дали е од Бога или од Сатаната — Господ нипретставува непобивливи докази. А ако не ги гледаме тие докази сеуште — тоа е зошто така сме избрале. А така сме избрале зошто не ни одговарало да се промениме според Божјата волја. Тоа е грев.
Во гревот не е вклучен само актот, туку и мотивот позади — не е само што прави човекот, туку со какво срце го прави.
Накратко, Павле го изјавува принципот по кој сме судени
- ако правиш нешто со сомнеж, дури и да не е само по себе погрешно, тоа станува грев,
- затоа што не доаѓа од чиста вера и убедување пред Бога.
Затоа прашањето не е само: „Дали нешто е дозволено?“ Прашањето е подлабоко:
„Дали тоа што го правам е од вера, од совест, од убедување пред Бога?“
Ако човек прави нешто со сомнеж, тогаш веќе не е во мир со Бога во тоа дело — без разлика на делото. А Павле вели јасно: сè што не е од вера е грев. Тука лежи целата логика: надворешно можеме да се прикриваме, но Бог ни го познава срцето и точно знае дали нешто сме отфрлиле од незнаење или од несакање.
- Јаков 4:17 — “Затоа, кој знае да прави добро, а не го прави, нему тоа му е грев.”
Најмалиот грев е потежот од најголемата грешка. Господ го мери невидливото — зошто одтаму потекнува злото.
Тоа што се гледа надвор може да има многу мотиви — но кога мотивот е јасен, нема збунетост, заматеност или двоумица.
- Матеј 15:11,18-19 — „Не го осквернува човекот она што влегува во устата; туку она што излегува од устата — тоа го осквернува човекот.
¹⁸ А она што излегува од устата, од срцето излегува; и тоа го осквернува човекот.
¹⁹ Зашто од срцето излегуваат зли помисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.“ - Изреки 4:23 — „Чувај го срцето свое повеќе од сè што се чува; зашто од него се изворите на животот.“
Еве го истото според математичка логика:
Во Римјаните 14:
- некои верници јадат месо и пијат вино
- други мислат дека тоа не треба (од совест)
👉 Значи проблемот НЕ е самото месо
👉 туку совеста и верата на човекот—
Чекор 1
Дали нешто е само по себе грев?
➡️ Не нужно (месото не е автоматски грев)
Чекор 2
Дали ти веруваш дека тоа е исправно пред Бога?
- ✔️ да → одиш понатаму
- ❌ не / се сомневаш → ⚠️ проблем
Чекор 3
Ако го правиш со сомнеж:
➡️ веќе не е од вера
Чекор 4
Правило:
➡️ “сè што не е од вера е грев” (Римјани 14:23)
Kонкретен пример:
👉 Човекот се сомнева:
„Дали е правилно да јадам месо?“
- ако јаде со сомнеж → грев
- ако не јаде, затоа што верува така → во ред
- ако јаде со чиста вера → во ред
👉 Проблемот НЕ е месото
👉 Проблемот е: сомнеж + дејство
Па значи не е проблем да јадеме месо?
Ако знаете дека месото е штетно — и јадете според апетитиот, а не според знењето во совеста — проблем е.
Ако не знаете дека месото е штетно — тоа сеуште е штетно, но Бог ви гледа низ прсти, и ви го благословува, зошто го јадете во благодарност, а не од апетит.
Кратка формула
сомнеж + дејство = грев
вера + дејство = чисто
Тука не се прашува дали е штетно или не.
Тука се прашува дали знаеме што е штетно — и ако не знаеме, дали сакаме да дознеме.
Овие работи Бог ги испитува.
Значи:
Големината на гревот не се мери со надворешна мерка, туку со внатрешен пристап.
- грев не се само „големите штети“
- туку и:
- внатрешна неверност
- игнорирање на совеста
- неактивно или пасивно барање на Божјата волја
Грев врши секој кој не се труди со цела душа, цело тело, цел разум и цело срце да го бара и прави она што на Бога му е пријатно.
И во рајот ќе заврши само оној кој на напиштил неутралноста, пасивноста, стравот или мрзата.
Ова е мала работа — но фрла души во пекол
- мала рѓа → уништува
- мала работа (јадење) + сомнеж → грев → смрт и пекол
- Лука 16:10 — „Кој е верен во најмалото, и во многу е верен; а кој е неправеден во најмалото, и во многу е неправеден.“
- Матеј 5:19 — „Кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето, ќе се нарече најмал во царството небесно; а кој ги извршува и ги поучува, тој ќе се нарече голем во царството небесно.“
За крај
Бог не гледа само „што правиш“
туку:
- зошто го правиш
- со каква вера го правиш
Затоа:
дури и „мала“ работа, ако не е од вера → станува грев
А гревот не се мери по големина — туку по категорија: или е грев за смрт, за кој нема прошка, или е грев кој не. е за смрт, за кој прошка има, но потребно е покајание и напуштање на гревот.
А секој свесен грев неисповедан и ненадминат води во пекол.
Ако ти веруваш дека:
јадење месо (во даден контекст) е против Божјата волја
тогаш:
- ако јадеш →
❌ одиш против совеста
❌ не јадеш од вера
❌ = правиш грев (Римјани 14:23)
👉 Во тој случај не можеш да јадеш со вера
(затоа што веќе веруваш дека е погрешно)
🔍 3. Што точно прави Павле?
Павле:
- НЕ вели: „сè е дозволено без разлика“
- туку:
👉 не суди во работи каде луѓето имаат различна совест
Пример од контекстот:
- некои избегнувале месо (можеби поради идолски жртви)
- други не гледале проблем
👉 и двете групи — ако се искрени пред Бога — се третираат како одговорни за својата вера
Секако дека штетните работи за нашето тело Бог очекува да ги одбиеме, освен кога не е наша одлука.
Ако твојот став е:
имаме подобра храна → кога таа храна ни е достапна, месото не треба да се јаде за да сме здрави
тогаш за тебе:
- тоа НЕ е „неутрална работа“
- туку прашање на послушност
и во таквиот случај, Павле те предупредува:
ако одиш против убедувањето → грев
Но што ако нашиот став не се смени додека ни се укажува дека не треба да се јаде? Што ако си останеме на ставот и кога ќе ни се укаже?
👉 Ако нешто навистина е против Божјата волја, а човекот упорно стои спротивно — тоа е грев, дури и ако мисли дека е во право.
Чекор 1
Постојат 2 состојби:
- ❌ човек не знае
- ❌ човек му е покажано
Чекор 2 — ако НЕ знае
➡️ Бог гледа на искреноста
➡️ може да мисли дека е во право
➡️ нема свесна бунтовност
Чекор 3 — ако му е покажано (светлина)
👉 сега има избор:
- ✔️ прифаќа → расте
- ❌ одбива → станува проблем
Чекор 4 — ако одбива свесно
➡️ веќе не е „грешка“
➡️ станува бунтовност
📖 Библиска логика
- Јаков 4:17 — “Затоа, кој знае да прави добро, а не го прави, нему тоа му е грев.”
👉 клучот е: „знае“
⚠️ Значи твојот случај:
👉 ако човек:
- верува „треба да се јаде“
- но му се покаже дека не треба
- и свесно остане тврд
➡️ тогаш:
- не е повеќе прашање на вера
- туку одбивање на вистина
Законот кој делува:
- мала рѓа → ако ја игнорираш → се шири
- мала светлина → ако ја одбиеш → срцето се стврднува
Заклучок
👉 Незнаење НЕ Е ИСТО што и одбивање
👉 Грешка НЕ Е ИСТО што и тврдоглаво спротивставување
➡️ Бог трпи незнаење
➡️ но не го оправдува упорното одбивање на позната вистина
👉 За јадење месо — не постои универзална заповед во Библијата што го забранува во сите случаи.
📖 Што покажува Библијата
После потопот, Бог дозволува месо
- Битие 9:3 — “Сè што се движи и живее ќе ви биде за храна; сè ви дадов како зелената трева.”
Бидејќи дозволено, Павле го третира како прашање на совест
– Римјани 14:2 — “Еден верува дека може сè да јаде; а другиот, кој е слаб, јаде зеленчук.”
Павле го предупредува Тимотеј против забранување на храна што Бог ја создал.
- 1 Тимотеј 4:3 — “Кои забрануваат да се женат, и заповедаат да се воздржуваат од јадења, кои Бог ги создаде да ги примаат со благодарност оние што веруваат и ја познале вистината.”
👉 Заклучок:
јадењето месо само по себе НЕ Е автоматски грев
Но тоа јадењето несо не го претставува проблемот. Прашањето е подлабоко од јадење или нејадење. Прашањето е:
„ако имаме подобра храна, дали тогаш јадењето месо е грев?“
👉 Сега веќе не станува збор за директна заповед
👉 Сега е прашање на:
- светлина / разбирање
- здравје
- совест
- принципи
Сега доаѓа уште еден елемент во пресметката кој го менува резултатот.
Еве како се менуваат сценаријата:
Сценарио 1
Човек верува дека:
„не е грев да се јаде месо“
➡️ јаде со чиста совест
➡️ Во Римјаните 14, Павле вика → не му е грев
Сценарио 2
Човек верува:
„не треба да јадам месо“
➡️ ако јаде → ❌ оди против совеста → ❌ = прави грев
➡️ ако не јаде → ✅ не оди против совеста → ✅ = не прави грев
Сценарио 3 (Новиот елемент)
Човек мисли „смее“, но му се покажува поинаку
👉 тогаш клучно е:
- дали навистина му е јасно дека тоа доаѓа Бога
- или е субјективно човечко убедување / релативен аргумент
⚠️ Мора добро да се внимава!
Ако не се внимава, се преминува од безбедност во опасност — од живот во смрт. Тенка е линијата/границата која ги дели двете — и кој не внимава, лекомислено ја преминува; и верува дека е останува слободен во животот, а е заробен од смртта.
👉 Не смееш да ја направиш оваа грешка:
- да земеш лично убедување
- и да го изедначиш со Божја заповед дадена за сите
👉 Зошто?
Бидејќи тогаш:
- ќе излезеш надвор од рамките на Божјиот Збор:
- надров од рамката на контекстот во Римјаните 14
- ќе осудуваш други
🔥 Но кога е сигурно од Бога
👉 Ако:
- навистина е Божја волја (јасно откриена)
- и човекот ја одбива и се спротивставува
➡️ тогаш се приближува кон границата на гревот → и ако продолжи да одбива = врши грев
Овој грев не е мал и не се мери со големината на делото — зошто во делото нема грев. Туку се мери со содржината на совеста: колку повеќе се одбива Божјото откривање, толку поголем станува гревот.
👉 Но мора да се запази разликата:
Јадењето месо Библијата го става во категорија на совест, не апсолутна забрана**
А совеста зависи од познавањето на доброто и достапноста за тоа да се прави.
Не може да се стави прачка, и да се удира по оној кој во устата внесува месо. Тоа е лудост — зошто не вклучува совест, разбирање, светлина, откривање, простор за слободен избор, елементи без кои Бог не делува.
Малиот Грев
👉 „мал грев“ не е самото месо
👉 туку:
- игнорирање на совеста
- или одбивање на вистина
- наклонување кон личните желби наместо кон Божјата волја
👉 Не те осудува месото — те осудува срцето ако оди против светлината што ја имаш.
А дали месото е експлицитно забрането кога има подобра храна на располагање?
👉 **Не — Месото не станува забрането само затоа што има подобра храна. Нема заповед во Библијата што го вели тоа.
📖 Што е сигурно од Библијата
- дозвола постои → Битие 9:3
- нема стих што вели:
“ако имаш подобра храна → не смееш месо”
👉 Значи:
тоа не е заповед
Не можеш да прекршиш Божја заповед со тоа што би јадел месо додека околу тебе има подобра храна. Ако би било така, од нас не би се барало да просудуваме и распознаваме добро од лошо, корисно од бескорисно.
Кога Господ за секоја работа би ни изрекол изречна заповед, ние цел живот и цела вечност би требало да ги поминеме само во слушање на сите тие заповеди — зошто би немале крај.
⚖️ Но Библијата ни открива принцип по кој треба да живееме
Иако не е заповед, Библијата учи:
- да го избереш подоброто, не само дозволеното
- да не живееш според „ми е дозволено“, туку „што е најдобро“
Кога постојат околу нашиот гладен стомак, месо, подобра храна и избор за никаква храна — ние треба да се прашаме што за нас и за Бога е најдобро. Ако е месо јадење — тогаш треба да јадеме месо. Ако е подобра храна јадење, тогаш треба да ја јадеме подобрата храна. Ако е пост на вода, или пост без вода, тогаш треба да го одбереме постот.
За да просудиме што е најдобро — ние треба да сме отворени да го бараме најдоброто и желни и спремни да го правиме штом Бог ќе ни го открие.
Но ако си продолжеме со месото бидејќи го сакаме а притоа си го оправдуваме изборот со изјавување дека нам Бог не ни го отркил другото, па затоа имам право да правиме што сакаме, тогаш ние грешиме.
Зашто Бог открива на оној кој бара, сака да знае и цели да го постигне тоа знаење. За оној кој не сака, не цели и не бара, нему Бог му праќа заблуда и го прави роб на своите желби — слеп, да не може да си го види валканиот срам со кој се мие; додека на оние кои бараат неговиот срам им е очигледен како белиот ден што се гледа.
🧠 Алгоритам
Чекор 1
Дали Бог експлицитно забранил?
➡️ ❌ не
Чекор 2
Дали постои подобра опција?
➡️ ✔️ да
Чекор 3
Што правиш со таа светлина?
- ✔️ избираш подобро → раст
- ❌ игнорираш → може да стане проблем на срцето
Затоа,
👉 Не е автоматски грев → јадење месо со достапна подобра храна
👉 Но може да стане грев → ако одиш против убедување / светлина
🔥 Поврзано со малиот грев
👉 „мала рѓа“ тука:
- не е самото месо
- туку свесното игнорирање на подоброто што го знаеш
👉 Не е забрането како заповед
👉 Но станува духовно прашање ако знаеш подобро и го оттурнуваш, или ако можеш да знаеш подобро, а одбиваш.
Што е „подобро“ според Библијата, а не според нас?
„Подобро“ е она што Бог го покажал како идеал:
🌿 Почетокот (мерило за подобро)
Не е мерило овој стих — кога Бог го дозволил месото од чистите животни како исхрана:
- Битие 9:3 — “Сè што се движи и живее ќе ви биде за храна; сè ви дадов како зелената трева.” ❌
Туку стихот, кога Бог бил задоволен од сѐ што создал и кога без отпорот на гревот ни ја определил исхраната која Тој ја одбрал според Својата волја.
- Битие 1:29 — “И Бог рече: Еве, ви дадов секоја билка што носи семе… тоа ќе ви биде за храна.” ✅
👉 Ова е: - директно од Бога
- пред гревот
➡️ најчистиот модел
Сѐ друго е компромис кој Бог го трпи — не ужува — додека човекот доброволно не се врати назад на првобитниот модел.
🧠 „Подобро“ e она што носи чистота и јасност
Пример:
- Даниел 1:12 — “Испробај ги слугите свои десет дни; и нека ни даваат зеленчук да јадеме, и вода да пиеме.”
👉 резултат:
- подобро здравје
- појасен ум
Значи,
➡️ подобро → она што те прави посилен духовно и телесно ➡️ Светлина / знаење → едноставната храна од растително потекло
✝️ „Подоброто“ = не само дозволеното, туку корисното — она кое помага
- 1 Коринтјани 10:21-24 — “Не можете да ја пиете чашата Господова и чашата на демоните; не можете да учествувате на Господовата трпеза и на трпезата на демоните.”
²² “Или ќе Го предизвикаме Господа на љубомора? Посилни ли сме од Него?”
²³ “Сè ми е дозволено, но не е сè полезно; сè ми е дозволено, но не сè изградува.”
²⁴ “Никој да не го бара своето, туку секој — она што е за другиот.”
Подоброто дава објективна помош и на себси и на ближниот. Кога родителот здраво се храни, сите членови од фамилијата добиваат.
👉 клуч:
- нешто може да е дозволено
- но да не е и најдобро
Тоа што е дозволено може да носи штета — а тоа што е корисно е мотивирано од љубов, не од правилност, и е секогаш на корист на ближниот.
❌ Доволеното може да штети
✅ Корисното секогаш надградува, подобрува, лекува, и развива во Божјата светост
Сѐ што вистински му користи на ближниот, нам не може да ни штети — зошти ние со ближниот сме едно тело.
Ако некој вели, мене ми штети, нему му годи — тој не живее во вистината. Зошто како што вода му годи на секој човек, без разлика дали пиел сокови цел живот; и како што свеж воздух му годи на секој човек, без разлика дали пушел цигари цел живот — така и растителна свежа мудро избрана исхрана му годи на секој човек, без разлика дали дотогаш живеел на хамбургери и кременадли.
➡️ Зошто телото наше ако било создадено за растителна храна, тогаш секогаш растителната храна ќе биде најдбора за него.
➡️ Ако колата која човекот ја создал да работи на нафта може да работи најдобро на нафта без разлика колку пати сме ја возеле до прегорување на бензин — и не се променила во принципот — како тогаш ние се променивме сами на месо, кога Бог нѐ создаде на растенија?
⚖️ Алгоритам = дефиниција
Божји идеал (Рајската Градина)
+носи чистота (ум/тело)
+гради, не слабее
= „подобро“
🔥 Применето на месото
👉 Според Зборот Божји:
- месо → дозволено
- растителна храна → оригинален модел
👉 Значи:
- месото ≠ забрането
- но растителното е често = поблиску до идеалот
⚠️ Многу важен баланс
👉 НЕ смееш:
- „подоброто“ → да го направиш заповед за сите
👉 НО исто така:
- не смееш да го игнорираш кога го знаеш
👉 И најважно:
- не смееш да одбегнуваш дознавање на најдоброто
👉 И уште поважно:
- не смееш да не се стремиш и чекориш кон тоа
👉 малата рѓа
- не значи само грешка
- туку избор на помалку добро наместо подобро, свесно
Запамти!
👉 Бог не те прашува само: „дали е дозволено?“ — туку: „дали е најдобро?“
А на тебе остава искрено да одговориш
И на тебе остава свесно да одбериш.
Бог на почетокот му даде на човекот чиста, проста и совршена храна.
Не затоа што не можеше да даде друго, туку затоа што тоа беше најдобро.
Подоцна дозволи повеќе — не затоа што е подобро, туку затоа што човекот падна.Денес човекот прашува: „Дали е дозволено?“
А Бог прашува: „Дали е најдобро?“Зашто не секое дозволено гради, и не секое што не е забрането дава живот.
И малата рѓа разјадува ако се остави.
И малиот компромис ја ослабува душата ако се оправда.Затоа, не избирај што е само дозволено —
избирај што те враќа поблиску до Божјиот прв план.потсети се дека за Бога нема втор план — зашто вториот план не е совршен, а Бог е зовршен.
Зашто ако го избираш само дозволеното — тогаш ти правиш грев, бидејќи не го бараш совршеното — зошто само совршеното е Божјото.
- 1 Коринтјани 10:23 — сѐ ми е дозволено, но не ми е сѐ корисно — рекол Павле.
И Павле повикува кој повисока цел, а не кон просечна цел која е човечка. За да сме вистински христијани, треба да се стремиме кон Божјото. Не зошто другото ни е забрането, туку бидејќи ние го сакаме само Божјото.
Гревот е во срцето — Бог гледа дали вистински Го сакаш. Во слободниот избор се открива љубовта.
Гревот е во слободниот избор — кога на човекот му е дадена еднаква можост за два патишта, и тој го избере оној пат кој не води кон Бога и Божјите работи, тогаш самиот избор негов го издава кому вистински му служи, и за што вистински има љубов.
Leave a Reply