Саботата: Не закон од којшто треба да се плашиме, туку љубов која треба да ја цениме

Мила сестро, сакам да ти зборувам отворено — не за да се расправам со тебе, не за да те посрамам, туку за да отварам нешто кое можеби никогаш не си го видела толку јасно. Сакам да зборувам до твоето срце, не само до твоите навики. Зашто саботата не е само за правењето на „правото“. Не е да одмориш во седмиот ден и да го наречеш „свет“ само со уста, додека твоето срце е далеку од радоста саботна. Ако саботата не е наша наслада, тогаш не е вистински запазена. Може да се почитува — но не и да се љуби. А Бог никогаш не бараше почитување без љубов.

Дозволи да ти ја кажам вистината што ми го промени животот: Не ја држиме саботата затоа што законот го вели тоа. Ја држиме затоа што гледаме кон што нè води — и ја ЉУБИМЕ таа цел.

Саботата е знак — но знак на што?

Езекиел 20:12„Понатаму им ги дадов моите саботи, за да бидат знак меѓу мене и нив, за да знаат дека јас сум Господ кој ги осветува.“

Тоа е знак — но знакот никогаш не е дестинацијата. Саботата не е крајната цел. Бог е. Неговата љубов е. Крстот е.

Сообраќаен знак на патот што вели „Ерусалим во таа насока“ не е Ерусалим. И ако некој се поклонува и го гушка тој знак секоја седмица, а никогаш не тргне по патот на кој тој покажува, сè погрешно разбрал. Саботата е знак што нè води до крстот, а крстот е знак што нè води до Исуса, и Исус — во своето тело, страдајќи и умирајќи за нас — е живиот знак што нè упатува кон љубовта на Отецот.

Значи, ако некој ја гушка саботата, а не ја разбрал нејзината порака — дека е ЉУБЕН, ОТКУПЕН, ОСВЕТЕН — и неживее според таа, тогаш тој ја гушка ознаката, но го пропуштил Спасителот.

Не ја љубиме саботата затоа што е правило. Ја љубиме затоа што нè потсетува дека Оној кој нè создал, исто така умре за нас — и нè направи живи.


Саботата покажува на 6тиот ден, дека Бог сѐ создал многу добро. И нема подобро. И со тоа, заврши со СИТЕ Свои дела. Саботата покажува дека тоа Бог што создал не може да се подобри, и тоа што направил за нас на крстот не може да се замени. Тоа што Бог создал и направил за нас е КРАЈНО.

„Сѐ е завршено“ — Што е завршено?

Евреите 4:3–4„Зашто ние кои поверувавме влегуваме во одмор… Иако делата беа завршени од создавањето на светот.⁴ Зашто на седмиот ден е кажано така, и Бог одмори на седмиот ден од сите свои дела.“

И на крстот, Исус извика:

Јован 19:30„Се исполни!“ „Завршено е!“

Што беше исполнето и завршено? Не само Неговиот живот. Не само Неговата болка. Но целиот план на спасение. Ветувањето дадено пред времето. Конечното дело на љубовта. Завршената работа на спасението.

Затоа одмораме — не затоа што сме изморени — туку затоа што Бог го заврши делото за нас. Одмараме во НЕГОВАТА совршеност, а не од нашата работа. Саботата нѐ потсетува: Не можеш сам да се спасиш. Ти беше купен. Ти беше љубен. Ти беше завршен — од Божји раце, не од свои.

Евреите 4:10„Зашто кој е влезен во неговиот одмор, и тој престана од своите дела, како што Бог престана од своите.“

Ако Бог престана, нема повеќе потреба од работа. Тоа значи дека крстот — што се случи на шестиот ден — веќе беше целосно исполнување на сите потребни дела. Бог умре на шестиот ден, и извика „Се исполни.“ А седмиот ден стана печат, одмор од завршеното спасение, и одмори од смртта Своја — одмори во гробот, во саботниот ден.

И како што Бог одмори на седмиот ден по творењето, Исус одмори во гробот на седмиот ден по искупувањето. Два завршени дела. Еден Творец. Еден Искупител. Една Сабота.

Затоа велиме дека саботата е света — затоа што е натопена со крвта од крстот.


Бог престана од Своите дела бидејќи беа совршени, вредни, потребни, значајни. Престани ти од твоите дела бидејќи немаат значење, ни потреба, ни вредност, и одмори во Божјите.

Послушноста е резултат на спасението

Нека никој не згреши обидувајќи се да биде послушен за Бог да го сака — Тоа не е Евангелието. Туку нека Му е послушен на Бога бидејќи Бог него го засакал додека тој грешел.

Бог прв нè љубеше. Го даде Синот додека бевме сеуште изгубени. Послушноста не создава љубов. Љубовта создава послушност.

Но еве ја опасноста — и мора да се каже со љубов: многумина велат дека веруваат дека Бог ги сака, но нивните срца не живеат во таа љубов. Дали тие Го сакаат бидејќи Тој Ги сака? По делата се познава љубовта. По целосната жртва кои ја прават доброволно за Него — како љубовта Божја што се позна по целосната жртва што Бог доброволно ја направи за нив.

Ако саботата се држи како товар, или послушноста е од страв, тоа открива нешто повредно — дека душата уште не се потпира целосно на завршеното дело на Христос.

— Дека душата сеуште не се потпира на 6тиот ден кога Бог ги создаде небото и земјата и сѐ што е во нив. Уште во овој ден Христос се даде Себеси за нив.

Христос го знае крајот од почетокот и од античко време она што сеуште не било.

Нема зошто да се плаши душата која е во Бога Кој знае сѐ.
Ако некој има страв, тој не живее според вистината која зборува дека Бог, уште на 6тиот ден од создавањето си го посла животот Свој за ние да живееме.

Стравот е сомнеж и ѝ е непријател на вистината која сведочи за љубовта Божја за нас во Христа. Стравот ѝ е непријател на љубовта Божја. А само Божјата љубов е вистинска љубов. Стравот ѝ е непријател на љубовта. И тој што љуби вистински не се плаши. И тој што се плаши, не знае што е љубов.

Нема радост во закон од кој се плашиш. И исто така нема радост во закон кој не го почитуваш. Има радост само кога законот станува одраз на срце исполнето со љубов. А без вера нема љубов. Затоа Бог вика дека без вера не можеш да го задоволиш, и дека сѐ што е без вера е грев — бидејќи во сѐ што е без вера нема љубов: бидејќи неверие е страв, а стравот — непријател на љубовта. И секоја послушност што тече од вина или страв не е послушност — тоа е ропство. Затоа можно е да се прават свети дела со несвет дух. И тоа сеуште е грев.

Јован 14:15„Ако Ме љубите, држете ги Моите заповеди.“

Не „ако се плашите од Мене.“

Не „ако сакате да Ме импресионирате.“

Не „ако не сакате да горите.“

Но ако Ме љубите.

Затоа денес Евреите можат строго да ја држат саботата, но пак не ги задоволуваат Божјите очекувања. Зошто? Затоа што не ја држат од вистинската причина. Го чуваат знакот — но не го љубат Спасителот. Технички ја држат, но нивните срца се далеку од крстот.

Матеј 15:8„Овој народ со уста Ми се приближува, и со усни Ме почитува, но срцето им е далеку од Мене.“

Бог не сака навика. Го сака срцето.

Ако некој ја чува Саботата само од должност, или од страв, или од навика — без наслада, без разбирање за љубовта што стои зад неа — тоа не е послушност. Тоа е товар. Тоа е само–праведност под маска.

Ако некоја душа ја чува саботата за да избегне казна или за да се чувствува безбедно пред судот, но не затоа што Го љуби Оној што ја дал — тоа сеуште е грев. Зашто послушност без радост е лицемерство. Извршување без доверба не е одмор. Тоа е страв облечен во религиозна облека.

А сепак — таквото срце можеби не ни сфаќа. Формата на побожност може да не заслепи. Навиката може да се помеша со светост. Но Господ гледа подалеку од сето тоа. Тој го гледа срцето. И каде што владее стравот, љубовта сеуште не пуштила корен.

И што ако го прават тоа што им е дозволено и не го прават тоа што не им е дозволено, кога Исус вели вака:

„Сѐ ми е дозволено, но не ми е сѐ корисно. Човекот не е роб на саботата, туку саботата на човекот. И никој да не ве суди по јадење и пиење или по саботи или нови месечини, ТУКУ ПО ЉУБОВТА КОЈА ЈА ИМАТЕ ЕДЕН ЗА ДРУГ и која ЗРАЧИ ПРЕКУ ВАС.“ Зошто обредот да го запазиш, а да го пропуштиш Домаќинот, е најголем грев.

1 Коринтјаните 6:12 — „„Сѐ ми е дозволено!“ — Но не е сѐ полезно: „Сѐ ми е дозволено!“ — Но ништо не сакам да завладее над мене.“

Римјаните 14:5–6 — „Еден прави разлика меѓу ден и ден, а друг ги смета сите денови за еднакви. Секој нека биде цврсто уверен во својот ум. Кој празнува ден, за Господа го празнува…“

Колосјаните 2:16–17 — „Затоа, никој нека не ве осудува за јадење или пиење, или за празник, млад месец или сабота, кои се сенка на она што ќе дојде, а телото е Христосово.“

Марко 2:27–28 — „Саботата е создадена поради човекот, а не човекот поради саботата. Така Синот Човечки е Господар и на саботата.“

Галатјаните 5:13 — „Зашто вие, браќа, на слобода сте повикани; само нека слободата не ви биде повод за телото, туку со љубов слугувајте си еден на друг.“

Јован 13:34–36 — „Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг, како што Јас ве љубев вас;
³⁵ по тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе
.“
³⁶ Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус одговори: „Во оној пат каде не можеш сега да Го следиш, но подоцна ќе Го следиш.“

Бог не сака навика, празен ритуал, обред, рутина, традиција, правилност. Го сака срцето, душата, мислите, јазикот, телото: главата очите, рацете, нозете, ушите, дури и влакната и нокните, но најмногу јазикот — но јазик кој доаѓа од преобратено срце, преполнето со НЕГОВАТА љубов за оној кому јазикот му припаѓа.


Саботата мора да ни биде наслада

Исаија 58:13–14„Ако се воздржиш во денот на саботата, не ја врши својата работа, протежувајќи го својот интерес на мојот свет ден; и ја наречеш саботата наслада… ¹⁴ Тогаш ќе се радуваш во Господа.“

Дали саботата навистина ти е радост? Добредојдена ли е како невеста која го добредојдува свадбениот ден? Или се чува како правило, тест, уморен обичај? Или можеби дури само како физички одмор — без разбирање кон КОГО посочува и ЗОШТО беше даден?

Зашто кога навистина ќе разбереш што е Саботата — ЈА ЉУБИШ.

  • Ја љубиш затоа што те потсетува дека твојот живот не е во твојата работа.
  • Ја љубиш затоа што ти кажува дека твоите неуспеси не те определуваат — не дефинираат која си ти.
  • Ја љубиш затоа што повторно и повторно ти се кажува: „Јас ја завршив работата. Почивај, дете мое.“
  • Ја љубиш затоа што во овој ден небото е блиску, а светот исчезнува.
  • Ја љубиш затоа што не се работи за да се трудиш повеќе и посилно — туку за да го примаш она што веќе е завршено.

Ако саботата се чува за телото, но срцето не се одмора во завршеното дело на Исус, тогаш тоа не е вистински одмор. Таа душа сè уште работи. Сè уште се плаши. Сè уште го носи сопствениот товар. И таква сабота, одвоена од Христос, не е послушност — тоа е неверие. Грев. А гревот не води во живот, туку во смрт.

Одмор значи ова: да ги отпуштиш своите товари и маки, бидејќи Отецот ги носи. Да се радуваш во Него, затоа што Му веруваш — не се плашиш од Него како Судија, туку Го обожаваш како Спасител.

Некои души уште живеат во тој страв. Можеби искрено веруваат дека Го следат Бог, а во тајност носат грижа. Ја дочекуваат саботата не со радост, туку со грижа. Прават што е правилно — но со дух на роб, не на невеста.

Не е невообичаено да се види некој што внимателно, дури и строго го пази денот според некоја дефиниција која тој си ја заклучил дека е вистинита — но не затоа што срцето му се прелева со радост, туку затоа што се плаши од неуспех. Се плаши да не направи нешто погрешно. Се плаши од казна. Тоа е слепило.

И ова не е починок. Ова е страв. Одморил ли некој плашејќи се? Не. Затоа тоа покажува дека душата сè уште не ја разбрала благодатта — милоста.

Јаков 2:19 — “Ти веруваш дека еден е Бог; добро правиш; но и ѓаволите веруваат — па се тресат.”

Не е доволно да се верува во милоста Божја а да не се капиш секојдневно со крвта пролеана во таа милост — а поготово во саботата, која е одблесок на таа љубов.

Кога грижата и стравот доминираат, тоа покажува дека срцето сѐ уште не го внесло во Божјиот одмор. И недостигот на радост го земнуваат така што немарно си прават што им сакаат душите свои, како да се во „слобода“, нефокусирајќи се на откупот кој Бог го платил за нив да ги ослободи, за да им купи место во вечноста уште пред времето. Им го подарил универзумот уште пред создавањето на небото и земјата.

„Вистината ќе ја познаете и вистината ќе ве ослободи.“ А ним фокусот не им е закован кон вистината. Па како може да се слободни?

Слобода да им зборува устата што сака е осуда за грев — ропство кое завршува во смрт а не во ослободување за вечен живот.

Нека биде јасно кажано:

Саботата без љубов е грев.

Да се направи правото без радост не е светост — тоа е лицемерие.

Тоа не е одмор во Бога — тоа е „претстава“ пред Него.

Кога навиката го заменува обожавањето, и стравот ја заменува верата, саботата станува товар, а не благослов.

Но Бог го гледа срцето — и Негова желба не е да ги осуди оние што се заробени во страв, туку да ги ослободи. Не нè повикува да служиме во сенка на терор, туку во светлина на љубов.

Не живеј во страв — живеј во љубов

Држењето сабота од страв е подбивање на крстот.

Ако спасението сè уште се заработува — преку послушност која не е резултат од верата — тогаш Исус лажеше кога рече „Се исполни.“

Ако законите се причина за нашето спасение, тогаш крвта не беше доволна. А ако знаеме дека сме спасени и ништо не правиме во однос на тоа, тогаш не го вреднуваме спасението.

Но ако знаеме дека сме спасени — тогаш ќе ја држиме заповедта, не зошто МОРА, туку затоа што сакаме. Ако МОРА, тогаш не сме спасени сеуште. А ако не мора, тогаш не сакаме да сме спасени. А ако ја држиме бидејќи сме спасени, значи сме во хармонија со љубовта, волјата, законот и зборот Божји.

И Духот на Пророштвото целосно се согласуваат:

„Секоја вистинска послушаност доаѓа од срцето. За Христос, тоа беше дело на срцето. И ако се согласиме, Тој толку ќе се поистовети со нашите мисли и цели, ќе ги соедини нашите срца и умови со Својата волја, што при послушноста кон Него, ние само ќе ги извршуваме сопствените побуди.“ — Копнежот на Вековите, стр. 668

Тоа значи да се трансформираме.

Не послушуваме за да станеме Неговите деца. Послушуваме затоа што сме Негови деца — и ја ЉУБИМЕ да сме Негови деца. Го сакаме нашиот Отец. И МРАЗИМЕ да Му донесеме срам врз Неговото Име. Тоа е причината што ја држиме саботата — затоа што е Негов ден, и ние сме Негови.

Не послушуваме од страв од да не умреме — туку затоа што сме вљубени во Оној што умре за нас — и нè оживеа.


ДЕЛ 2: Крстот е центарот — не саботата

Но сакам да зборувам и за подлабокиот страв што можеби го носиш — стравот дека ако не ја држиш саботата совршено, Бог ќе те отфрли…

Ако некој се увери дека мора да ја држи саботата за да се спаси — но никогаш не слушнал за крстот — ќе биде сломен. Такавата порака не носи живот. Носи страв. А стравот не донесува вера. Стравот носи ропство.

Но ако некој го види крстот прво — и верува дека Исус умре за него — таа личност ќе посака да послушува одвнатре кон надвор. Ќе ја бара саботата не затоа што е тест на неговата вера, туку затоа што е богатство Божјо. Вечно. Нераспадливо.

Крстот е на прво место. Секогаш.

Господ никому нема никогаш да му рече „Добро сторено што ја чуваш Саботата.“ Туку „Добро сторено што ме сакаш до смрт.“ „Добро сторено што животот свој Мене ми го даде да правам со него што МЕНЕ ми е мило.“ „Добро сторено што позна дека во Мене е вредноста твоја. Што живееш според таа вредност.“


Римјаните 5:8„А Бог ја покажува својата љубов кон нас, што, додека бевме грешници, Христос умре за нас.“

Не го почнуваме нашето христијанско патување или аџилак со „законот“ — го почнуваме со крвта во која законот е ИСПОЛНЕТ. А ние, само го рефлектираме веќе исполнетото. Не се бара од нас НИШТО, освен ценење, вреднување, љубење на тоа што е веќе направено — но дури и тоа доаѓа преку милост. Затоа ако некој нема, нека побара, и Бог кој е великодарежлив, ќе му даде. Само искрено нека побара, и нека верува дека Бог ќе му даде. А доколку ни тоа го нема, нека побара сепак искрено да бара и да може да верува дека Бог ќе му даде — зошто Бог ги наградува понизните, оние кои си ја признаваат својата ниска вредност.

Јаков 1:5 — “Ако некому од вас му недостига мудрост, нека бара од Бога, Кој дава на сите великодушно и не ги укорува за немањето, и ќе му се даде.”

Матеј 7:7–8 — “Барајте, и ќе ви се даде; барајте, и ќе најдете; тропајте, и ќе ви се отвори.
⁸ Зашто секој што бара – добива, и кој бара – наоѓа, и на оној што тропа – ќе му се отвори.”

Еремија 33:3 — “Повикај ме и ќе ти одговорам, и ќе ти покажам големи и неисцрпни нешта, што не ги знаеш.”

Притчи 2:6 — “Зашто Господ дава мудрост; од Неговата уста излегуваат знаење и разум.”

Исаија 30:21 — “И ушите твои ќе чујат збор зад тебе: ‘Ова е патот, по него одете!’ — кога ќе одите надесно или налево.”

Јован 16:13 — “Но кога ќе дојде Он, Духот на вистината, ќе ве води во сета вистина…”

Не сме спасени затоа што послушавме. Спасени сме затоа што Тој послуша.

Римјаните 5:19 — „Зашто, како преку непослушност на еден човек многумина станаа грешници, така преку послушноста на еден многумина ќе бидат оправдани.“

Таа послушност не беше наша. Беше Негова.

Токму затоа саботата не може да биде корен на спасението — може да биде само плод од спасението.

Во моментот кога ја заменуваме — кога ја правиме саботата основа наместо плод — паѓаме во легализам. Ставаме товар врз душата. И му се предаваме на ѓаволот во неговиот гроб од кој Бог сака да нѐ ослободи.

И уште полошо — го навредуваме Евангелието.

Павле им забележува на Галатјаните да не се вратат под законот од кој еднаш се ослободиле:

Галатјаните3:3„Дали сте толку глупави? Духовно почнавте, сега ли ќе завршиме телесно?“

Почнавте по Дух — по благодат — по вера во Христовата крв. Не се обидувајте сега со правила да станете совршени.

Тоа не значи дека саботата е бесмислена. Но смислата е Исус. Љубовта Божја. Крстот и жртвата. Делата на Господ. Значи — има значењето доаѓа само по крстот. Откако сме спасени, тогаш ќе се радуваме на денот на одмор, затоа што нè потсетува на спасението. Затоа што сме ги виделе Божјите дела и сме виделе дека се „МНОГУ ДОБРИ.“ Па што можеме ние со нашите грижи да придодадеме на Божјите дела? Ниту сантим на нашиот раст не можеме да додадеме ни одземеме.

А ако се држиме до денот, наместо до крстот, ако го направивме знакот идол — го пропуштивме Спасителот кого го означува.

Колосјаните 2:16–17„Значи, да не ве суди никој во јадење или пиење или во пост, или нов месечински денови, или саботите: ¹⁷ тие се само сенка на идните работи; но телото е Христос.“

Саботата е сенка — но Христос е суштината. Ако го имаш Христос, имаш одмор. Ако имаш одмор, ќе ја љубиш саботата. Но ако го немаш Христос — саботата е само сенка и не те осветлува, осветува, спасува.

Затоа не се држи за сенката — држи се за Спасителот Кој е едиствената Светлина која може да ни ја озрачи душата со радост, слава, живот, благодарност: одмор или мир.


ДЕЛ 3: Повик кон Вистински Одмор: Мир.
повик кон покајание — повик надвор од немирот

Вистината мора да се каже јасно: да се држи сабота од страв, обврска или како навика не му е угодна на Бога. Ова не е вистински одмор. Не е повик кон Неговите деца.

Матеј 23:27„Тешко вам, книжници и фарисеи, лицемери! Зашто сте како варосани гробници, што надвор изгледаат убави, но внатре се полни со мртвечки коски и сè нечисто.“

Таква е состојбата на оние кои ја држат саботата надворешно, но нивните срца се далеку од Бога. Ги следат формите, но ја пропуштаат суштината. Ја губат поврзаноста со Бога. Ја пропуштаат и причината за одморот. Тие стануваат на „форма побожни, но од силата Божја се откажале.“ „Таквите немаат место во рајот.“ „Таквите одбегнувај ги.“

2 Тимотеј 3:5 — „А ова знај, дека во последните денови ќе настанат тешки времиња.
² Зашто луѓето ќе бидат самољубиви, среброљубиви, фалбаџии, горди, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, несвети,
³ без природна љубов, непримирливи, клеветници, невоздржани, сурови, недоброљубиви,
⁴ предавници, безобѕирни, надуени, кои повеќе ги сакаат сладострастите отколку Бога;
⁵ имаат форма на побожност, но се одрекле од нејзината сила. Таквите одбегнувај ги.

Мила сестро, морам да те прашам: Дали ја држиш саботата затоа што ти тежи на духот, или затоа што го љубиш Оној што ја направи света со Својата крв? Дали носиш надворешна форма на одмор, а внатрешно сеуште се трудиш, работиш, се плашиш? Од надвор христијанка, од внатре без Духот Свет? Дали Исус Христос и Татко Му си направиле место во тебе за живеење и живеат таму? Дали чекориш како Енох со Господ?

1 Мојсеева 5:22–24 —И Енох одеше со Бога откако го роди Матусала триста години и имаше синови и ќерки.
²³ И сите денови на Енох беа триста шеесет и пет години.
²⁴ И Енох одеше со Бога, и веќе го немаше, зашто Бог го зеде.“

Евреите 11:5 —Со вера Енох беше преселен, за да не види смрт; и не се најде, зашто Бог го пресели: зашто пред преселувањето имаше сведоштво дека Му угодил на Бога.“

Јуда 1:14–15 — „И Енох, седмиот од Адама, пророкуваше, велејќи: ‘Еве, иде Господ со десетици илјади Свои светии,
¹⁵ за да изврши суд врз сите и да ги укори сите безбожни за сите нивни безбожни дела што ги извршиле, и за сите груби зборови што безбожните грешници ги изговориле против Него.’“

Патријарси и пророци, стр. 85 — „Енох не одеше со Бога во занес или видение, туку во сите должности од својот секојдневен живот… Комуницирајќи така со Бога, Енох сѐ повеќе и повеќе го одразуваше божествениот лик… Неговото лице светеше со света светлина… Уште додека беше на земјата, тој со вера живееше во царството на светлината.“

Патријарси и пророци, стр. 86 —Триста години Енох бараше чистота на срцето… Ден по ден тој копнееше за поблиска заедница; сѐ поблизу растеше таа заедница, сѐ додека Бог не го зеде кај Себе.“

Сведоштва, том 6, стр. 439 — „Нашата голема потреба денес е луѓе кои се крстени со Светиот Дух Божји — луѓе кои одат со Бога како што одеше Енох.“

Ова е повик кон покајание: да го положиш тој лажен товар. Отфрли ја лажната праведност што доаѓа преку послушност без љубов. Спречи да мислиш дека твојата послушност заработува Божја благодат.

Римјаните 14:17„Зашто Царството Божјо не е во јадење и пиење, туку во правда, мир и радост преку Светиот Дух.“

Вистинскиот одмор на саботата не е во тоа што правиш, туку во тоа во Кого се одмораш. Одмораш во Христос. Одмораш во Неговиот завршен чин на крстот. Саботата не е тест на твојата послушност; таа е прослава на Неговото завршено дело.

Но ако ја држиш саботата од страв или обврска без љубов, ја пропушташ. Сè уште се обидуваш да заработиш Негова благодат. И тоа е грев. Не е одмор што го ветил. Одмори се од гревот наместо преку грев да се одмараш.

Римјаните 4:5„А оној што не работи, туку верува на Оној што ги оправдува неправедните, неговата вера му се смета за правда.“

Не можеш да заработиш одмор. Не можеш да заработиш Божја љубов. Но можеш да ја примиш. Можеш да одмориш во неа. Можеш да се насладуваш во неа. Саботата е симбол на тој одмор. Таа е дарот кој вели: „Ти си љубен. Ти си завршен. Ти си откупен.“

Да се каже јасно: ако ја држиш саботата од било што друго освен љубов кон Бога и Неговиот завршен чин, тогаш треба да се покаеш. Покај се за ослонувањето на твоите трудови. Покај се за одидувањето да се оправдаш себеси преку послушност без љубов — или послушност која не е од љубов. Зошто не е доволно да се рече „Имам љубов“ туку треба и да се делува според неа, оти во спротива, тоа е љубов само на хартија, а љубов на хартија не е љубов во практика. Која корист ни се книжни банкноти ако со нив не можеме да го купиме производот кој е вреден онолку колку што е вредноста означена на банкнотата? Тоа се лажни пари, и за нив се оди во затвор, бидејќи е кривично дело да се носат такви, а камо ли да се произведуваат. Па зарем за Бога не е кривично дело да се носи во срцето банкнота која е означеба си Божја љубов, а не може да ги купи производите понудени од продавниците на небото?

Не станува збор за осуда. Станува збор за слобода. Бог никогаш не нѐ повикал да живееме во страв, туку да се одмараме континуирано во Неговата благодат — зошто нашата суета и безвредност континуирано нѐ заморува со празни, безвредни глупости, кои цело време имаат на агенда да нѐ оттргнуваат од Божјата љубов: а таква е нашата природа без Господ бидејќи сме од земјен прав создадени. И затоа мора одлучно, гласно, сесрдно, сериозно, јасно, да одбереме кого го слушаме; еден господар, на кого му сме верни. Да не се буниме и уморуваме цело време менувајќи ги задачите кои ни ги треба да ги извршиме, и со тоа ниедна задача да не извршиме целосно, туку неуспешно. Световниот господар има различни интереси со Небесниот. И задачите кои ни ги доверуваат двајцата се во војна едни со други. И како би ти било тебе твоите верни слуги никогаш да не ти ги извршуваат задачите целосно како што им ги бараш? А способни да извршат. Само срцето не им е целосно предадено на твоите зборови. Таквиот не ти слугува, туку ти наштетува. И како тој ќе го наречеш „Верен слуга?“.

Матеј 6:24 — “Никој не може да им служи на двајца господари: зашто или ќе го намрази едниот, а ќе го љуби другиот; или ќе се приврзе кон едниот, а ќе го презре другиот. Не можете да му служите на Бога и на мамон.”

Матеј 25:14–30 — „Зашто Царството Небесно е како човек што, тргнувајќи на пат, ги повика своите слуги и им го довери својот имот.
¹⁵ На еден му даде пет таланти, на друг два, а на трет еден – секому според неговата способност – и отиде.
¹⁶ Оној што ги доби петте таланти, веднаш отиде, ги вложи и доби уште пет.
¹⁷ Така и оној со двата – доби уште два.
¹⁸ А оној што го доби едниот отиде, ископа дупка во земјата и ги сокри парите на својот господар.
¹⁹ По долго време дојде господарот на тие слуги и се пресмета со нив.
²⁰ Пристапи оној што ги доби петте таланти, ги донесе уште пет и рече: „Господару, ми даде пет таланти; ете, добив уште пет.“
²⁰ А господарот му рече: Добро, добар и верен слуго! Над малото беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар.
²² Пристапи и оној со двата таланти и рече: „Господару, ми даде два таланти; ете, добив уште два.“
²³ А господарот му рече: Добро, добар и верен слуго! Над малото беше верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар.
²⁴ Пристапи и оној што го доби еденот и рече: „Господару, знаев дека си строг човек: жнееш каде што не си посеал и собираш каде што не си расфрлал.
²⁵ И, плашејќи се, отидов и го сокрив твојот талант во земјата. Ете ти го твоето.“
²⁶ А господарот му одговори: „Злобен и мрзлив слуго! Знаеше дека жнеам каде што не сум посеал и собирам каде што не сум расфрлал?
²⁷ Требаше, тогаш, да ги вложиш моите пари кај банкарите, и кога ќе дојдев ќе го добиев моето со добивка.
²⁸ Затоа, земете му го талантот и дајте му го на оној што има десет.
²⁹ Зашто, секому што има ќе му се даде, и ќе има изобилие; а од оној што нема, ќе му се одземе и тоа што го има.
³⁰ А бескорисниот слуга фрлете го во највонешната темнина; таму ќе биде плач и шкртање со заби.“

Бог нè повикува да се радуваме во Него, наместо само да послушуваме од страв — како што лицемерниот слуга тврдел дека бил послушен. Бог нè повикува да Го љубиме, затоа што Тој прв нè возљуби. Гледаш дека лицемерниот слуга кој слугувал од страв, не му бил предаден на господарот свој како другите. Тој не работел за Господ. Не ги инвестирал талантите што Господ му ги доверил за да ги размножи, туку си ги чувал во резервата, како карта за искупивање, па да си прави што тој сака, а во случај да дојде господарот и животот да му зависи од него, сепак да има алиби, изговор пред него, да рече, „ЕВЕ, ГЛЕДАЈ! ЈАС ТИ ГО ЧУВАВ ТАЛАНТОТ ТВОЈ ШТО МИ ГО ДАДЕ! ГЛЕДАЈ КОЛКУ БЕВ ВЕРЕН!“ Но Господ не е будала. Знае кој го сака и кој не го сака. Знае кој е излажан и кој намерно се лаже зошто се сака себеси повеќе од Него.

1 Јован 4:19„Ние го сакаме, бидејќи Тој нас прв нè засака.“

Тоа е Евангелието. Тоа е одмор. Тоа е Саботата.


Срцето на вистинската послушност

Послушноста кон Божјите заповеди е природна реакција на срце променето од Негова љубов. Ако ја држиш саботата од страв, ја пропушташ суштината. Саботата не е за послушување од страв. Таа е за послушување од љубов.

И ако ја држиш саботата не од страв, но си исполнет со стравови — тоа е истиот грев. Исус нѐ очистува од стравовите а Саботата е потсетник за Неговата жртва. Саботата значи дека нема простор за стравови, зошто Семоќниот е нашиот Татко Кој нѐ сака. И таа е НАШ СЛУГА којa Бог ja одредил да нѐ потсетува низ вековите за Неговата неизмерна љубов за нас во Исус.

И таа љубов не е само теоретска љубов — таа љубов те МЕНУВА. Таа љубов го преобразува твоето срце. Таа е љубов која те ослободува од потребата да извршуваш задачи за да го заработуваш твоето спасение.

Јован 15:10„Ако ги држите Моите заповеди, ќе пребивате во Мојата љубов, како што и Јас ги држав заповедите на Мојот Отец и пребивам во Негова љубов.“

Тоа е вистинска послушност — послушност што тече од срце исполнето со Божјата љубов. Не е поради страв. Не е поради традиција. Туку е поради љубов. И тоа е единствената послушност што Бог ја посакува и прифаќа.


Заклучок: Одмори се во Христос — нека Саботата биде радост

Мила сестро, повикот е јасен: не ја држи Саботата од страв. Не ја држи од навика. Не ја држи од обврска. Држи ја затоа што го љубиш Оној што ја даде. Држи ја затоа што го љубиш Оној што те создаде, што те искупи, што го заврши делото за тебе.

Саботата е дар — ден за одмор, ден за радост во Божјата љубов. Не е товар. Тоа е благослов. Нека биде радост во твоето срце. Нека биде видлив знак на невидливата љубов што ја имаш кон Оној што прво Те љубеше. Видлив значи да свети од внатрешната љубов што ја држиш за Господ кој прв умре за тебе. Радоста во саботниот ден да блеска од твоите очи како што нелицемерно блеска од дете кое се радува што си ги гледа родителите кои некое време ги немал видено — таквата радост не може да се скрие како „што не може да се скрие град на врв на планина.“

А ако откриеш дека твојата Сабота не е радост, тогаш дојди кај Него. Покај се. Положи ги твоите товари и маки и прими ја Неговата љубов. Влези во одморот што Тој го подготви за тебе.

Евреите 4:9–10„Значи, останува саботниот одмор за луѓето на Бог. Зашто кој е влезен во негов одмор, и тој престанал од своите дела, како што Бог престана од своите.“

Одмори во Него. Нека Саботата биде знак на Христовата завршена работа. Одмори се во завршеното дело на спасението, и нека твојата послушност биде резултат на срце што длабоко Го љуби Оној Кој сака вечноста со тебе да ја помине. Нема ли ти да сакаш Саботата со Него да ја поминеш?

1 КОРИНТЈАНИТЕ 13 — Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а љубов немам – тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
² И ако имам дар за пророкување, и да ги знам сите тајни и сите знаења; и ако ја имам сета вера, така што да преместува и планини, а љубов немам – ништо не сум
³ И ако го раздадам целиот свој имот, за да ги нахранам бедните; и ако го предадам своето тело, да биде изгорено, а љубов немам, ништо не ми ползува. 
⁴ Љубовта долго трпи, љубовта е милостива, лубовта не завидува, не се фали, не се вообразува;
⁵ не се однесува непристојно, не го бара своето, не се раздразнува. Не држи сметка за зло;
⁶ не ѝ се радува на неправдата, а ѝ се радува на вистината;
⁷ сѐ премолчува, сѐ верува, на сѐ се надева, сѐ трпи.
⁸ Љубовта никогаш не престанува: А другите дарби: ако се пророштва – ќе се отстранат; јазици – ќе замолкнат; ако е знаење – ќе исчезне.
⁹ Зашто, делумно знаеме и делумно пророкуваме,
¹⁰ но кога ќе дојде совршеното, ќе се отстрани делумното.
¹¹ Кога бев дете, зборував како дете, мислев како дете, расудував како дете. А кога станав маж, го отстранив детинското.
¹² Зашто, сега гледаме како во огледало – нејасно; но тогаш: лице во лице. Сега знам делумно, но тогаш ќе сознам целосно, како што и јас бев самиот наполно познат.
¹³ А сега остануваат овие три: верата, надежта и љубовта, но љубовта е најголема од нив.

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *