Причината за прошка

  • Лука 23:34 — “Тогаш Исус рече: Татко, прости им; зашто не знаат што прават. А тие ги разделија алиштата Негови, фрлајќи ждреб.”


За прошката овде е нагласена ПРИЧИНА:
„Зошто да му простам на оној што смртно Ми греши?
БИДЕЈЌИ не знае што прави.

Исус побарал прошка само за оној кој не знае дека греши. А оној кој знае дека греши и продолжува со гревот нема да ја прими милоста.

Ако она што знаеш дека е вистина не е усогласено со начинот на кој живееш, ти живееш во грев.

  • 
Јаков 4:17 — “Затоа, кој знае да прави добро, а не го прави, за него тоа е грев.”
  • Римјаните 6:23 — “Зашто платата на гревот е смрт; а дарот Божји е вечен живот преку Исуса Христа, нашиот Господ.”


Имаме слобода на избор за да можеме доброволно да ја предадеме на Бога. Ако не ја предадеме доброволно, остануваме во својата волја — која е грев. Зошто човечката волја НИКОГАШ не е усогласена со Божјата сама од себе. Затоа потребно е целосно предавање, и оставање на нашето за да го вршиме Божјото — тоа се плодовите на оној кој вистински верува. Ако нема плодови, тоа ја прави верата суетна.

  • Јован 9:40-41 — “И некои од фарисеите што беа со Него го чуја тоа и Му рекоа: Зар и ние сме слепи?
    ⁴¹ Исус им рече: Кога би биле слепи, не би имале грев; но сега велите: ‘Гледаме’; затоа гревот ваш останува.”

Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *