Не сакам да ти ставам деструктивен притисок, туку конструктивен.
А дали веруваш дека конструктивен притисок навистина постои?
Замисли си краен рок. Како изгледаат крајни рокови? Секој различно може да ги замисли. Јас ги замислувам како контејнер кој не собира ништо надвор од своите граници, или како линија што е прекината од двете страни, отсечка, која не дозволува ништо да се протега надвор од двете точки на нејзините краеви — каде што едната точка го одбележува почетокот, а другата крајот.
Нека контејнерот или отсечената линија го претставуваат времето. Дали тогаш времето е бесконечно?
Можеме ли да правиме работи надвор од тој контејнер или од таа линија на времето?
Оти, иако времето како време, само по себе, може да е бесконечно, нашето време не е такво.
Нашето време ни е одмерено и дадено во граници — собрано е во еден контејнер или меѓу краевите на една отсечена линија. Никој не проживеал повеќе од неколку кратки години.
И времето потребно за достигнување успех — било во природата или во општеството, во телото или во карактерот — исто така е дадено во граници: семето домат не може да даде плод во два месеци, а камо ли во два дена или две минути — но успехот на плодот му зависи од колку сејачот ги почитува границите кои Бог му ги припишал на растернието.
Прашањето е: која од овие граници е поширока? Нашата или онаа на посакуваниот успех? Кој контејнер е со погоелм волумен — на сејачот или на растението?
Која линија е подолга? Дали временската линија на нашите животни сили е подолга од временската линијата на задачата што треба да ја исполниме за животот да ни се продолжи — и да ни стане вечен?
Зошто во овој свет даден ни е ограничен животен рок за да ги исполниве условите кои ни даваат двез во рајот. Колку од нашиот рок ние сме посветиле на исполнувањето на тие услови? Дали уште го чекаме правилното време? Или се лажеме дека условите се флексибилни? Зошто ако условите се флексибилни, тогаш и роковите не се смртоносни, и нивните краеви не се крајни.
Но крајните рокови не би биле крајни доколку нивните крајни граници не се фиксни.
Ако нашиот временски рок е помал од рокот потребен за успех, тогаш како ќе успееме ако го чекаме таканареченото „правилно време“? Или со што ќе го оправдаме нашето барање за влез во вечниот живот?
Нели таквото чекање е сигурен пат кон пропаст? И ако уште од сега сме способни да почнеме да ги исполнуваме условите, нели рокот не принудува уште од сега да се фатиме за работа? И ако уште одамна сме биле способни да почнеме да ги исполнуваме условите, нели рокот не осудува дека сме требале уште одамна да се фатиме заработа, и со тоа, уште појако не принудува да не оддолговлечуваме уште повеќе од тоа ште веќе направило огромна штета?
Но понадежен и посигурен пат кон успех е да се трудиме — иако нашиот контејнер или линија се помали од оние на задачата — сепак да се обидеме да ја сместиме, или, улично кажано, напикаме таа работа во нашиот контејнер. Усрдно да се трудиме да ја сместиме било преку раширување на нашиот, или преку стеснување на оној на работата — било преку продолжување на нашата линија, или преку скратување на онаа од задачата.
Како човек што трча да го фати последниот воз — кој полека се подготвува да замине, или кој веќе тргнал по патот од каде нема враќање, но сеуште е во видно растојание помеѓу нас и тој.
Или како татко кој наеднаш сфатил дека ја гладувал својата фамилија со недели, а му останала само една просечна торба, а околу него му се дало неизмерно многу храна што треба да ја однесе за да ги спаси; тој трупа во торбата повеќе отколку што собира, и откога ќе го исполни секој нејзин даден агол и простор, трупа и врз неа, дури храната да претекува од неа, да не може да ја носи ни за рачките, туку мора да ја гушне со целото тело и така да ја носи дома — дури и во устата става храна за носење, и полни насекаде каде што нашол малку од малку простор.
Никој не сака да се најде во таква тесна состојба — но прифаќањето на таа состојба е подобро од тоа, целосно да го пропуштиме возот, или никогаш да не ја однесеме храната и да ги изгубиме засекогаш оние што зависат од нас.
- Матеј 5:29 — „Ако те наведува на грев десното око, извади го и фрли го од себе; зашто подобро ти е да изгубиш еден дел од твоето тело, отколку целото да биде фрлено во пеколот.“
А сите ние, преку нашите секојдневни одлуки, своеволно се носиме до таа неповратна состојба, чекор по чекор, а додека пак повеќето веќе се наоѓаме во таа непријатно тесна ситуација кадешто, кога би се одлучиле, мораат да трупаат како најдолните уличари, а сепак живеат како најбогатите, не само во светот, туку во целиот универзум, како да го имаат целото време на свое располагање — како нивното време да нема крај, контејнер или линија на траење, како работата што треба да ја завршат пред да влезат во вечниот живот да може да се направи со едно трепнување на окото.
Leave a Reply