СИТЕ ПОСЛАНИЈА

  • Света Намена

    Бог поставил намена во сѐ: ја гледаш ли? Бог е Создателот на сѐ. Нема ништо во овој свет што Бог го создал без смисла, причина, цел и намена.Да го имаме Божјиот ум значи да ја бараме намената и смислата што Бог ги поставил во сѐ што создал, за да можеме да разликуваме што Му е угодно на Бога, а што не Му е угодно. Римјаните 12:2 — „И не сообразувајте се со овој свет, туку преобразувајте се преку обновувањето на вашиот ум, за да можете да испитате која е добрата, угодната и совршената волја Божја.“ Кога децата растат, тие полека учат да разликуваат триаголник од круг, круг од квадрат. Потоа учат да разликуваат мокро од суво, студено од жешко, топло од жешко, топло од потопло и помалку топло, млако од топло, горе од долу, лево од десно, напред од назад, светлина од темнина, малку од многу, мало од големо, ниско од високо, зграда од куќа, фарма од штала, крава од коњ, магаре од мајмун, птица од друго животно, орел од врапче.Но потоа се повикани да разликуваат што е човечко од она што Му припаѓа на Бога, што е небесно од она што е земно. Кога едно дете ќе порасне и веќе не се грижи за која намена било направено тоа што го употребува, туку го употребува како што нему му се допаѓа, тогаш тоа дете се бунтува против редот што Бог го воспоставил, а со тоа и против Самиот Бог.Ако правиме нешто само затоа што нè привлекува, без да знаеме со сигурност дали Бог го одобрува или не го одобрува — дали го правиме според намената што Бог ја определил за него — тогаш се здружуваме со највозвишениот ангел кој го изгубил небото, кој сега се нарекува…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    August 16, 2026 1:03 pm Updated 2 weeks ago
  • Слобода од гревот — Радост во Бога

    Зошто да се радуваме? Бидејќи гревот веќе не господари над нас. Зошто не може веќе да господари? Поради благодатта што Бог ни ја дари во Исус Христос. Римјаните 5:11 — „И не само тоа, туку уште сега се радуваме и во Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого сега го примивме ова помирување.“ Римјаните 5:11 — „И не само тоа, туку уште сега се радуваме и во Бога преку нашиот Господ Исус Христос, преку Кого сега го примивме ова помирување.“ Римјаните 6:14 — „Зашто гревот нема да господари над вас, бидејќи не сте под Законот, туку под благодатта.“ Што значи ова? Гревот не треба да владее над нас. Зошто? Затоа што ние веќе не стоиме пред Бога како поданици на систем што бара од нас да заработиме оправдание; туку стоиме под благодатта — под Неговата сила и милост што нè оправдува и нè ослободува од казната на тој систем. Системот постои. Треба да се следи. Но ако се сопнеме, нема власн над нас. Единствена власт има кога своеволно избираме да го прекршиме — тогаш, отфрлајќи ја мислоста, ја примаме казната која ни следува без милост. Системот не може да се одбегне, но во едниот случај служи за наша осуда, во другиот случај за водич во доброто и предупредување пред злото. Системот постои. Треба да се следи. Но ако се сопнеме, нема власн над нас. Единствена власт има кога своеволно избираме да го прекршиме — тогаш, отфрлајќи ја мислоста, ја примаме казната која ни следува без милост. Системот не може да се одбегне, но во едниот случај служи за наша осуда, во другиот случај за водич во доброто и предупредување пред злото. Ваквата слобода ни дава реална сила да се спротивставиме на гревот и да живееме со…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    August 10, 2026 9:13 am Updated 3 weeks ago
  • Братска Љубов и Љубовна Должност

    „По тоа светот ќе познае дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе”. Колку сме послични на Христовиот карактер толку ќе биде поголема нашата љубов за оние за коишто Тој умрел. Христијаните кои покажуваат дух на несебична љубов еден за друг, изнесуваат сведоштво за Христа на кое неверниците не можат да се спротивстават ниту да го одречат. Не е можно да се процени силата на ваквиот пример. Ништо не може толку успешно да ги победи сите лукавства на сатаната и на неговите помошници, ништо не може толку брзо да го изгради царството на Откупителот како Христовата љубов во срцата на членовите на црквата. Мирот и среќата владеат само таму каде што има љубов и благост. {5С 167.3} Во првото послание до Коринтјаните, апостол Павле укажува на значењето на љубовта која Христовите следбеници треба да ја негуваат: „Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да го имам сето знаење, а и така силна вера, што и планини да преместувам – ако љубов немам, ништо не сум. И да го раздадам целиот свој имот, да го предадам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи” (1. Коринтјаните 13:1-3). {5С 168.1} Човекот што не е исполнет со љубов кон Бог и кон ближните не е Христов ученик, колку и да е возвишена верата која ја исповеда. Тој може да има силна вера, може дури да има сила да прави чуда, но без љубов неговата вера нема вредност. Тој може да биде многу дарежлив, може својот имот да го раздаде на сиромаси, но ако дава од некоја друга побуда, а…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    July 18, 2026 1:30 pm Updated 1 month ago
  • Должноста кон Бога

    Во животов исполнувате многу должности.Дали ја исполнувате должноста кон Бога? Дали знаете која е должноста кон Бога? Дали ја исполнувате должноста за која Бог ве создал? Дали знаете за што Бог ве создал? И дали живеете според таа цел? Ако некои од одговорите на овие слични прашања ви се „Не“ или „Не знам“, тогаш, што мислите,што ќе прави Господ со вас? Што вие правите со нефункционалните предмети?Ги рециклирате?После рециклирање, што корисно останало од предметот што вреди да се зачува?Ги фрлате во печка?Во буниште?Ги поправате?А кога предметот не сака да се поправи, дали го урамувате дома?Дали му обезбедувате место да стои таму каде што работите?Зарем нема да ви попречува во работата?Продолжувате ли да го користите?Зарем може да ви користи? Сега истите прашања за нас — бидејќи ние сме глинени садови кои Грнчарот нѐ создал за Своја слава, да го вршиме она што Нему му е угодно. Дали вие сте расипани за Бога?Или сте функционални? Ја вршите ли должноста за која Бог ве создал? Избирате ли да ја вршите? Дали очекувате Бог да ја врши преку вас без вашиот целосен труд и секојдневна соработка? Дали сакате да се поправите? Му дозволувате ли на Бога да ве поправи? За што ја користите вашата слободна волја?За да ја вршите Божјата волја, или вашата? Кому му служите вие? На Оној кој ве создал и ви одредил цел, или себеси и сами си одредувате цел? Зарем расипани ќе ве однесе Бог во рајот, каде нема трага од расипаност? А Синот Божји вака вика: „Не дојдов праведните да ги повикам на покајание, туку грешниците. Здравите немаат потреба од лекар, туку болните“. Вие здрави ли сте, или болни?Грешници ли сте, или праведни? Ако сте болни, и грешници, се лекувате ли? Се каете ли? Или добро…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    May 23, 2026 1:58 pm
  • Сигурност наспроти коцкање

    Сигурноста што ја примаме преку верата не е човечка претпоставка, туку сигурност што почива врз Божјиот Збор.Таа започнува таму каде што човекот престанува да се потпира на свое мислење, и почнува да стои врз Божјиот Збор како врз сигурност.Сигурноста што доаѓа од верата не се раѓа од човечка желба. Не се раѓа од потребата човекот да биде во право. Не се раѓа од стравот да биде заштитен.Таа се раѓа од веродостојноста на Божјиот Збор.Од Оној што зборува вистина.Од Оној што не може да лаже.Од Оној чиј Збор стои кога човечката мисла се распаѓа. Затоа верата не е празно верување или мислење. Во верата нема ниту капка претпоставка. Верата е знаење — познавање на Бога. Верата е сигурност. Таа е доверба. Верата е доверба во Бога. Таа значи да Го познаваме — да го знаеме Неговиот карактер, да знаеме дека Неговите ветувања се апсолутна сигурност, и дека можеме со апсолутен мир да се потпреме на нив и да одмориме во нив. Ова го кажува Бог за Себеси: 1 Коринтјаните 14:33 — „Зашто Бог не е Бог на несигурност, збунетост и неред, туку на мир, како што е во сите цркви на светите.“ Бог не создава минлива сигурност, релативна вистина или привидна стабилност. Тој создава стварност — и стварноста што ја создава е сигурна. Тој изрекува вистина — и вистината што ја изговара не е двосмислена. Бог не создава неред, општа несигурност или нејасност — Тој не е автор на стапици. Кај Бога вистината не исчезнува утре како нешто што било само за денес — туку е цврста, јасна и трајна. Она што Бог го проговорил останува низ вечноста — непроменето — како стварност која е сигурна и врз која можеме целосно да се потпреме — без најмала дамка…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    May 2, 2026 10:11 am Updated 4 months ago
  • Духовниот живот и вистинската смрт

    Духовно е сè што е вечно.Небесното царство е духовно. Бог е Дух,и оној кој го нема Неговиот Дух — е мртов. Адам беше голзатоа што го изгуби духовното. Тоа е вистинската смрт. Смртта не започнува кога телото умира.Таа започнува кога човекот се одделува од Бога. Човек може да живее физички,а сепак да биде мртов. Зашто физичкиот живот сам по себене е вистински живот. Тоа е само продолжено времедо смртта —време дадено од Богаза повик кон покајание. Време во кое може да се прости гревот,за духовниот живот да се врати. Без тој живот,ние не сме живи луѓе —туку мртовциои ја чекаат својата смрт. А кога духовниот живот ќе се врати,тогаш човекот навистина почнува да живее. Прашајте се, дали сте родени од Духот Божји? И ако не сте, дали сакате да бидете?Ако сакате, дали вистински сакате за да почнете така да живеете.Ако да, тогаш што ве спречува? Верата во Бога. Бог дава сила — но како оваа сила ќе ја добие оној кој не Му верува на Бога?А од каде знаеме дека Бог вистински ќе ни даде сила? Бидејќи тоа го ветил — а Бог не може да лаже.
    by Dushko of Christ (Boceski)
    April 6, 2026 1:51 pm Updated 5 months ago
  • Вера и грев во срцето — видливи плодови

    „Во претходниот дел видовме дека ни најмалиот грев не е мал пред Бога. Сега ќе видиме како Бог го суди гревот — не надворешно, туку според верата и совеста.“ Во Библијата стои едно правило кои малкумина го разбираат. А тоа е дека Бог не ги осудува надворешните дела — туку внатрешниот избор. Ако совеста ни вика едно, а ние одбираме друго — виновни сме. Совеста зависи од свесноста — а свесноста од информираноста. Невин не е оној кој не врши зло, туку оној кој непрестано бара да знае што е добро и делува според знаењето. Затоа прашањето не е само „дали е дозволено“, туку „дали сум уверен пред Бога дека е исправно“.Затоа не е доволно да се праша „што правам“, туку „дали го правам со чисто уверување пред Бога“. Бог не ја мери само постапката, туку дали човекот оди според светлината што ја има или ја оттурнува.Дали едно дело е зло или не е не зависи од делото — туку од мотивот. Бог јасно го открил овој принцип во Рајската Градина, каде му забранил на Адам да јаде од плод кој не бил штетен за неговото здравје. Со тоа покажал дека на Бога му е важна верноста — внатрешната вера и доверба; а не легалното дело, дали тоа само по себе било лошо. Зошто дури и човек да убиеме Бог има моќ да го воскресне — но ако ние одбереме да го убиеме, тогаш дури и да го воскресне, ние сеуште сме убијци. На Бога не му се важни надворешните дела бидејќи Бог може да ги промени. Но нашата слободна волја е во нас. И таа Бог, иако може, не сака да ја промени, за да ни остане слободна. Со тоа ни дава право и одговорност сами…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 31, 2026 11:37 am Updated 5 months ago
  • Бог наспроти луѓето

    Каква вредност Бог им дава на човечките работи? Сите го гледаме Бога преку чиовечки очи. Му го анализираме карактерот според нашиот. Претпоставуваме како суди според нашата мерка. Нагаѓаме што сака според нашите желби. Но сме пробале ли некогаш да се видиме себеси преку Божјите очи? Да го анализираме нашиот карактер според Божјиот? Да си судиме на себеси според Божјата мерка? Да се прашаме дали ние го сакаме она што Бог го сака? Ајде да смениме перспектива, и да видиме што Божјиот Збор вели за човекот — и да заборавиме за момент што човекот вели за Бога. Јаков 4:4 — “Прељубници и прељубнички, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство со Бога?⁴ затоа, кој сака да биде пријател со светот, станува непријател на Бога.” Да го следиш светот = да се оддалечиш од Бог. Да го следиш светот = да се оддалечиш од Бог. Излез 20:25 — “А ако ми направиш жртвеник од камен, не го гради од издлабени камења;²⁵ зашто ако ја кренеш својата алатка врз него, го осквернуваш.” Ова значи: човечката интервенција (алатка, обработка) го расипува она што Бог сака да биде чисто и едноставно — без човечко додавање. Бог не сака човечки додатоци во она што е Негово. Ова значи: човечката интервенција (алатка, обработка) го расипува она што Бог сака да биде чисто и едноставно — без човечко додавање. Бог не сака човечки додатоци во она што е Негово. Лука 16:15 — “И им рече: вие сте тие што се оправдувате пред луѓето; но Бог ги знае вашите срца;¹⁵ зашто она што е високо ценето меѓу луѓето, е одвратност пред Бога.” Она што луѓето го ценат, Бог го забранува. Она што луѓето го ценат, Бог го забранува. Исаија 64:6 — “Но сите сме…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 31, 2026 11:31 am Updated 5 months ago
  • Свесен и несвесен грев

    Сите сме грешни — но во рајот нема да оди само оној кој свесно греши. Оној кој не знае дека греши, прави грев, но Бог не му го пишува нему тоа за грев. А оној кој знае дека греши, и го прави, нему гревот му останува — зошто самиот го одбрал. На таквиот влезот во рајот му е одбиен — зошто и најмалиот непростен грев води во смрт.А има и такви кои одбиваат да дознаат дека грешат, за да имаат алиби пред себеси и пред Бога дека вршат грев несвесно и со тоа да се утешат дека сепак ќе одат во рајот. Што мислите, според вашето познавање за Бога, која група Бог ја резервирал за нив?И што мислите, според вашето познавање за себеси — во која група спаѓате вие? Кој сака да му се прости, го бара гревот, и го признава — оти знае дека со тоа ќе добие прошка. А бара прошка бидејќи не сака веќе да живее во него. И откога ќе му се прости, го остава гревот и живее во светост.А кој не го бара во себе гревот за да не го признае, таквиот или не сака прошка, или не верува дека ќе му се прости.На таквиот треба да му се укаже на Божјата милост на крстот. Но ако не верува во таа милост, тој врши грев исто како оној кој не сака да му се прости.А зошто да не бараме да ни се прости, освен дека сме го засакале гревот и сме ја замразиле Божјата светост?Пошто кој ја сака Божјата светост ја бара во себе да ја има. Еве го истиот текст со стихови од Библијата: …Сите сме грешни — но во рајот нема да оди само оној кој свесно греши. Римјаните 3:23…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 28, 2026 8:25 am Updated 5 months ago
  • Човечкото или Божјото

    Јаков 4:4 — “Прељубници и прељубнички, не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство со Бога?⁴ затоа, кој сака да биде пријател со светот, станува непријател на Бога.” Излез 20:25 — “А ако ми направиш жртвеник од камен, не го гради од издлабени камења;²⁵ зашто ако ја кренеш својата алатка врз него, го осквернуваш.” Лука 16:15 — “И им рече: вие сте тие што се оправдувате пред луѓето; но Бог ги знае вашите срца;¹⁵ зашто она што е високо ценето меѓу луѓето, е одвратност пред Бога.” Исаија 64:6 — “Но сите сме како нечисто нешто, и сите наши праведности се како валкани крпи;⁶ сите венеме како лист, и нашите беззаконија, како ветер, нè однесуваат.” Марко 7:7–9 — “Но напразно ме почитуваат, учејќи како учења човечки заповеди.⁸ Оставајќи ја Божјата заповед, се држите до човечката традиција, како миење на садови и чаши; и многу други такви работи правите.⁹ И им рече: убаво ја отфрлате Божјата заповед, за да ја зачувате својата традиција.” Исаија 55:8–9 — “Зашто моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се мои патишта, вели Господ.⁹ Зашто како што небесата се повисоки од земјата, така моите патишта се повисоки од вашите патишта, и моите мисли од вашите мисли.” Изреки 14:12 — “Има пат што му се чини на човекот прав,¹² но крајот му е патишта на смрт.” Изреки 16:2 — “Сите патишта на човекот му изгледаат чисти во неговите очи;² но Господ ги испитува духовите.” Изреки 21:2 — “Секој пат на човекот е прав во неговите очи;² но Господ ги испитува срцата.” Еремија 10:23 — “О Господи, знам дека патот на човекот не е во него;²³ не е во човекот што оди да ги управува своите чекори.” 1 Самоил 16:7 — “Но Господ…
    by Dushko of Christ (Boceski)
    March 28, 2026 2:03 pm Updated 5 months ago